„Стив Наумов“ реновиран за околу 10 милиони евра: месец подоцна вода низ ѕидовите, а МОН ги брои влажните марамици
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
19.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Премиерот Христијан Мицкоски на Свечената академија по повод 23 Октомври порача дека Македонија треба мудро и трпеливо да продолжи кон Европската Унија, и покрај долгото чекање, билатералните спорови и, како што рече, пречките од источниот сосед. Додаде дека нема да подлегне на провокации и притисоци и дека не се занимава со „коски од минатото“, туку со иднината на децата.
СДСМ одговори со список. Еврокомесарката за проширување Марта Кос оваа недела зборувала за европската иднина на Балканот: Црна Гора ја позиционирала пред завршната фаза, Албанија ја повикала да го задржи темпото на реформите, за Србија ги посочила изборите како клучни, а од Косово побарала почитување на меѓународното право. „Македонија не беше спомената“, велат социјалдемократите.
„Заштитата на идентитетот не се мери со говор. Се мери со тоа дали земјата напредува или стои во место“, порачуваат од опозицијата. Според нив, условот останува ист – реформи и соработка со Канцеларијата на европскиот јавен обвинител пред членство, што „не е билатерално прашање, туку европски услов“.
СДСМ го обвинува премиерот за реформи што ги ветуваше до 1 јуни, а не ги заврши, за буџет што се полни со нови кредити за да се плаќаат старите и за „судство по телефон“. Реакцијата завршува со игра на зборови: ако се чека и се вадат коски, „единствените коски што ќе останат се коските на трпезата“.
Двете страни, секоја на свој начин, држат дел од вистината. Тоа што Македонија не е спомената во пораките на еврокомесарката е факт, но не и пресуда. Тоа што премиерот зборува за трпение е легитимна позиција, но трпение без рок Македонија слуша уште од 2005 година, откако стана кандидат за членство. Дека граѓаните се изморени од чекање, во тоа барем се согласуваат и власта и опозицијата.
Прашањето што останува е едноставно: дали Брисел молчи затоа што нема што да каже за Македонија, или затоа што Скопје нема што да му покаже? Одговорот нема да го даде ниту говор на академија, ниту соопштение на опозицијата – туку следниот извештај за напредокот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Иницијативата на СДСМ е отфрлена едногласно, а опозицијата вика политичка наредба без доказ. Поголемата иронија: власта што ја осуди „манипулацијата“...
Административен службеник со две последователни оценки „1“ ќе остане без работа по сила на закон. Правилото звучи строго, а вистинското...
Радически и Јахиј ќе се соочат на 1 ноември. Од резултатите секоја партија извлече своја победа, а најтивко е кај...
ДУИ речиси ги удвои гласовите, Влен изгуби 493 гласа, а СДСМ порасна од ниска основа. Во вториот круг на 1...
Нов градоначалник се избира на апарати што профункционираа благодарение на договор склучен во последен момент - иако истекот на стариот...
Владата вели дека доказите за бегството прво ќе ги видат сојузниците во НАТО. Прашањето што останува е поедноставно и понепријатно:...
Европскиот совет го нарече проширувањето геостратешка инвестиција, а од целиот регион по име ја спомена само Црна Гора. Македонија, кандидат...
На едната кандидатка ѝ беа покажани коментари со „Цела да е“ под објава на премиерот, другиот се фотографирал на прослава...
Опозицијата одбива или се двоуми, а од Софија стигнува порака дека уставните измени не се репреговараат. Дали премиерот бара партнери...
Шест фирми, донации од околу 20.000 евра од баџанакот и ручек за 250 гости како прв тендер на Општина Струмица...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.