Skip to content

Договорите меѓу Зеленски и САД пропаѓаат: „Недостасуваат важни одредби“

1 мин. читање
Сподели

Според изворот, Москва смета дека планот „нема одредби важни за Русија и не дава одговори на многу прашања“. Кремљ особено инсистира на „гаранции против идното проширување на воениот сојуз на НАТО кон исток“, како и на обврската за неутрален статус на Украина во случај на нејзин влез во Европската Унија.

Дополнително, Русија е незадоволна од „недостатокот на ограничувања“ за големината на вооружените сили на Украина и видовите оружје што Украина може да ги поседува. Меѓу барањата се „јасни гаранции“ во врска со статусот на рускиот јазик во Украина, укинување на западните санкции, како и решавање на прашањето за руските средства замрзнати на Запад.

Изворот додаде дека Русија го смета сегашниот документ за „прилично типичен украински план“, но дека ќе биде „разгледан со ладна глава“.