49 од 80 општини без свој локален медиум, а Крива Паланка, Ранковце, Демир Капија и Дебрца без никаква покриеност: кој ја следи локалната власт?
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Жителите на беровските села Ратево и Двориште не смеат да ја користат водата од чешмите за пиење, готвење и лична хигиена. Забраната следи по лабораториските анализи на Центарот за јавно здравје во Кочани, кои покажале дека водата не е исправна.
Во Двориште наодот е сериозен: колиформни бактерии, цревни ентерококи, псевдомонас аеругиноза и ешерихија коли, зголемен вкупен број бактерии, како и зголемени вредности на калиум перманганат и манган. Ешерихија коли во водата е класичен показател дека во неа завршила фекална нечистотија. Во Ратево анализите покажале зголемена потрошувачка на калиум перманганат, знак дека во водата има повеќе материи што се оксидираат, најчесто органски.
Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово најави хиперхлорирање на двата водоводни системи – во Двориште од 9, а во Ратево од 10 часот. Додека контролните анализи по третманот не покажат дека водата е исправна, таа може да се користи само како техничка вода.
Хлорот ќе ги убие бактериите. Но тој не објаснува како тие стигнале до чешмите. Колку долго жителите ја пиеле водата пред анализата, кога е направена претходната проверка и кој ќе им обезбеди вода за пиење додека чекаат нови резултати – на тоа соопштенијата не одговараат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од 2014 година се затворени 35 радиостаници, а од 19 весници и списанија, 16 излегуваат во Скопје. Кога во речиси...
Воздухот во Скопје секоја година ги пробива дозволените нивоа, иако загадувањето за десет години се намалило за 40 до 50...
Камери во полициските возила, на црните точки и во уште три града. Речиси шест од десет снимени прекршоци се на...
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Центарот постапил по закон, судот изрекол мерки, МВР немало пријава. На хартија сè било во ред, а 17-годишната девојка е...
Националниот парк и еколозите ги изодија трите лешнички долини и се враќаат со добри вести. Само едно не кажуваат: колку...
Мостот меѓу Аеродром и Гази Баба со години не поврзуваше ништо, бидејќи немаше пат до него. Сега се асфалтира, а...
За девет месеци 1.144 жени се жртви на семејно насилство. Предлогот што требаше да ги предупреди кога насилникот се приближува...
Министерот за здравство и лидерот на ДУИ напишаа сочувство, но најточниот некролог го напишаа пациентите: години живот што ги имаат...
МЕТЛА доаѓа до информации за сериозен спор меѓу компанијата „Тел Авив Солар“ и Електродистрибуција, поврзан со изградба на соларна електрана...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.