49 од 80 општини без свој локален медиум, а Крива Паланка, Ранковце, Демир Капија и Дебрца без никаква покриеност: кој ја следи локалната власт?
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Тајландската монархија повторно покажа дека за церемонија не штеди ни време ни луѓе. Кралот Маха Ваџиралонгкорн, познат како Рама Десетти, и кралицата Сутида пловеа низ Бангкок по реката Чао Праја, во поворка од 52 кралски барки и над 2.000 учесници. Илјадници луѓе стоеја на бреговите да ги видат како поминуваат.
Поворката, во петокот на 6 ноември, тргна од пристаништето Васукри кон храмот Ват Арун, каде кралскиот пар учествуваше на церемонијата Катин – една од најважните будистички церемонии во земјата, кога на монасите им се даруваат нови облеки. Барките беа наредени во пет колони и три линии, а целата формација беше долга 1.280 метри и широка 90 метри. Кралот и кралицата пловеа на „Супанахонг“, најпознатата кралска барка, чиј позлатен преден дел има облик на митолошки лебед. На друга од главните барки беа принцезата Сириванавари и принцот Дипангкорн Расмијоти, децата на кралот.
Зад неколкуте часа сјај стојат месеци работа. Кралската морнарица одржала десет делумни и две генерални проби за веслачите да одат во совршен ритам, а барките – вистински пловечки уметнички дела со митолошки фигури и злато – претходно биле реставрирани. Оваа година церемонијата била посветена на кралицата Сутида, која во јуни наполни 48 години.
Самата кралица има приказна што тешко би поминала во која било европска монархија. Кралот ја претстави како сопруга само три дена пред крунисувањето во 2019 година – генерал во армијата и поранешна припадничка на неговата лична гарда, која стана негова четврта сопруга. Крунисувањето траеше неколку дена, собра околу 200.000 луѓе и чинеше над 30 милиони евра.
На слика, поворката е спектакл што ја покажува монархијата во целиот нејзин сјај. Но Тајланд е земја во која кралот не се критикува јавно – законот за навреда на монархијата е меѓу најстрогите во светот. Кога за кралот не смее критички да се зборува, кој ќе праша колку чинат пробите, реставрациите и поворката – и дали сјајот е празник или порака?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Дневен хороскоп - 10.11.2026
Вилијам Мебарак има 95 години, а зад себе пад, операција, пневмонија и интензивна нега. Пејачката заблагодари за поддршката и ништо...
Пред да стане дел од семејството Грималди, беше меѓу основачите на дневен весник и снимаше документарци за мафијата. Советот на...
Дневен хороскоп - 09.11.2026
Синот на последниот бугарски цар е мадридски хирург, оженет во Мадрид, со синови лекари во Мадрид. Од Балканот му остана...
Петнаесет години ниту збор, а сега понуди, книга и серија. Пресудата го затвори едното поглавје, а индустријата веќе го пишува...
Дневен хороскоп - 08.11.2026
Претседателката на Мадрид го нарекуваше случајот против него политички прогон. Сега молчи, а за месец излегува нејзина книга со наслов...
Државен министер, гувернер на Мускат и замена за султанот кога е на пат. Жената до него нема ни име во...
Дневен хороскоп - 07.11.2026
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.