Пуштен по 3,23 промили, 29 часа подоцна повторно зад воланот со 3,50: Битолчанец дури тогаш заврши во притвор
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
10.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Град Скопје ќе прави катастар на оџаци – дигитален попис на секое место од кое во воздухот излегуваат загадувачки материи, од фабриките до домаќинствата. Тоа е единствената навистина нова мерка во нацрт-планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје за периодот 2027-2031, кој денеска беше претставен на јавна расправа. Документот Градот го изработува со УНДП, за прв пат на дигитална платформа.
Анализата на податоците од државниот мониторинг систем за последните десет години не носи изненадување: воздухот во Скопје секоја година ги надминува дозволените нивоа на честичките ПМ 10 и ПМ 2,5. Има и подобра вест – од 2015 до 2025 година обемот на загадувањето се намалил за 40 до 50 отсто. Главни виновници и понатаму се сообраќајот, индустријата и домаќинствата.
Сè останато во планот се мерки што веќе ги имаше и во претходните документи. За домаќинствата: проширување на парното, исфрлање на печките на дрва, субвенции за соларни системи и топлински пумпи. За сообраќајот: 100 електрични автобуси, зона со ниски емисии во центарот, брз автобуски превоз и повеќе велосипедски патеки. За индустријата: построги контроли и подобри технологии. Од краткорочните мерки – почесто миење на улиците, контрола на прашината од градилиштата и редовно чистење на оџаците. Планот ги спомнува и гасните когенеративни централи, кои веќе ги најавуваше премиерот Христијан Мицкоски.
Проблемот не е во листата. Според она што беше претставено, не е јасно дефинирано која институција е одговорна за следење на мерките, а за финансирањето има само предлози. Елена Николовска од „Еко свест“ вели дека планот е добра основа, но мора да биде усогласен со новите закони за квалитет на воздухот и за индустриски емисии и да има обезбедени пари и капацитети. Според „Еко свест“, наместо фосилен гас во домаќинствата треба да се поддржат обновливите извори и енергетската ефикасност, а пред планот да се усвои потребни се повеќе јавни расправи.
Скопјани секоја зима дишат загаден воздух, а секој нов план ги повторува мерките од претходниот. Катастарот на оџаци ќе покаже кој чади. Прашањето е дали некој потоа ќе има и надлежност и пари да направи нешто со тоа – или во 2031 ќе читаме нов нацрт-план?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот вели дека ургенциите престанале по неговата „бурна реакција“. Доказот за тоа засега е само неговиот збор, а полициските возила...
Конкурс во 2020, „завршена прва фаза“ во 2024, обраснати патеки во 2025. Во ноември 2026 градот повторно ветува дека паркот...
Парно, печки на дрва, електрични автобуси, контрола на индустријата. Мерките ги знаеме напамет од секој претходен план. Новото е катастарот...
Првиот контејнер стои пред „Коле Неделковски“. Ако децата научат да ја одвојуваат облеката, можеби ќе ги научат и родителите.
Долгови од 2007 година, камати до 100 отсто и сметка што не се одблокира. Градоначалникот се фали со успеси, опозицијата...
Од 2014 година се затворени 35 радиостаници, а од 19 весници и списанија, 16 излегуваат во Скопје. Кога во речиси...
Камери во полициските возила, на црните точки и во уште три града. Речиси шест од десет снимени прекршоци се на...
Хлорот ќе ги убие бактериите, но нема да одговори како стигнале до чешмите - ниту колку долго жителите ја пиеле...
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Центарот постапил по закон, судот изрекол мерки, МВР немало пријава. На хартија сè било во ред, а 17-годишната девојка е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.