49 од 80 општини без свој локален медиум, а Крива Паланка, Ранковце, Демир Капија и Дебрца без никаква покриеност: кој ја следи локалната власт?
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Системот „Безбеден град“ излегува од Скопје. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави проширување во Струмица, Штип и Битола, а до февруари, според неговите најави, камерите треба да ја покријат целата држава. Новост се и камерите во полициските возила, кои ќе мерат брзина и додека автомобилот е во движење, како и мобилни уреди на таканаречените црни точки, каде најчесто гинат луѓе.
Министерот вели дека возачите научиле каде стојат фиксните радари: кочат пред камерата, а штом ќе ја поминат, повторно газат. Затоа, објаснува, контролата мора да може да ги чека на кое било место. Во последните 15 години, потсети тој, во сообраќајни несреќи во Македонија загинале повеќе од 2.000 луѓе.
Тука доаѓа бројката што се слуша погласно од безбедноста. Од казните се очекуваат околу 10 милиони евра годишно во државниот буџет, од кои 25 отсто, или околу 2,5 милиони, му остануваат на МВР за понатамошно развивање на системот. „Пак ќе повторам по милијардити пат, целта на овој проект не е полнење на буџетот на државата“, рече Тошковски. Ако мора да се повторува милијарда пати, можеби проблемот не е во тоа што луѓето не слушаат.
А бројките навистина се големи. Од 2 февруари, кога почна казнувањето, до 20 август, системот регистрирал 310.865 прекршоци, од кои 301.835 за брзо возење. Од вкупниот број, 180.378 се направени со возила со странски таблички – речиси шест од десет. Само во мај, на пример, имало 27.360 прекршоци за брзина и 301 за минување на црвено светло.
Регистриран прекршок не значи изречена казна, а изречена казна не значи наплатена. Колку од казните за странските таблички навистина се наплатуваат – и дали проценката од 10 милиони евра ги брои парите што ќе стигнат или само прекршоците што ги снимила камерата?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од 2014 година се затворени 35 радиостаници, а од 19 весници и списанија, 16 излегуваат во Скопје. Кога во речиси...
Воздухот во Скопје секоја година ги пробива дозволените нивоа, иако загадувањето за десет години се намалило за 40 до 50...
Хлорот ќе ги убие бактериите, но нема да одговори како стигнале до чешмите - ниту колку долго жителите ја пиеле...
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Центарот постапил по закон, судот изрекол мерки, МВР немало пријава. На хартија сè било во ред, а 17-годишната девојка е...
Националниот парк и еколозите ги изодија трите лешнички долини и се враќаат со добри вести. Само едно не кажуваат: колку...
Мостот меѓу Аеродром и Гази Баба со години не поврзуваше ништо, бидејќи немаше пат до него. Сега се асфалтира, а...
За девет месеци 1.144 жени се жртви на семејно насилство. Предлогот што требаше да ги предупреди кога насилникот се приближува...
Министерот за здравство и лидерот на ДУИ напишаа сочувство, но најточниот некролог го напишаа пациентите: години живот што ги имаат...
МЕТЛА доаѓа до информации за сериозен спор меѓу компанијата „Тел Авив Солар“ и Електродистрибуција, поврзан со изградба на соларна електрана...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.