Ирански амбасадор предупредува: Воени бази во Европа можат да станат легитимна цел
13.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Навивачите на Партизан ги запалија своите трибини на 178-то вечно дерби со Црвена ѕвезда во Белград, предизвикувајќи привремен прекин на мечот, кој на крај завршил со убедлива победа на домашните со 3:0.
Инцидентот се случил во 59. минута, непосредно откако Марко Арнаутовиќ забележал гол за Звезда. Пламен почнал брзо да се шири на јужната трибина, а судијата Павле Илиќ по консултација со надлежните го прекина мечот. Дел од навивачите на Партизан ја напуштија трибината за тоа време. Пожарната служба брзо го совладала пожарот, а мечот бил продолжен приближно пет минути подоцна, под засилени безбедносни мерки.
Нема пријавени тешки повреди меѓу гледачите или безбедносниот персонал. Причините за запалувањето се под истрага, но сликите од настанот покажуваат намерно палење факели кои ги зафатиле седиштата на трибините.
Навивачите на Партизан, познати под името „Гробари”, биле изненадени и незадоволни уште на самиот почеток на настанот, откако нивните ривали „Делии” (навивачи на Звезда) подготвиле изненадување кое ги затекнало неподготвени — потег кој дополнително ги разгорел страстите пред да пламне вистинскиот оган.
Резултатот 3:0 ја потврди сезонската доминација на Црвена ѕвезда во дербито. Инцидентот повторно го актуализираше прашањето за безбедноста на навивачите и регулацијата на употребата на факели на фудбалски натпревари во Регионот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Со автоголот на Кунде, Челзи во ди со 1:0 по првото полувреме на вечерашното дерби од 5. коло во Лигата на шампионите....
ФИФА соопшти дека во пресудата е земена предвид спортската биографија на Роналдо, фер-плеј пристапот и фактот дека не се повторил...
ФИФА ги објави официјалните процедури и распоредот за ждрепката за Светското првенство 2026, со што стана јасно во кои шешири...
Необична и срамна сцена за Евертон на „Олд Трафорд“. Во 13. минута, при резултат 0-0, наместо да се борат со...
Македонската фудбалска репрезентација интензивно се подготвува за двата ноемвриски натпревари: пријателскиот дуел против Летонија на 13 ноември во Скопје и...
Лионел Меси призна дека тој и неговата сопруга Антонела Рокуцо постојано разговараат за идно враќање во Барселона. За потсетување, Меси...
Македонската фудбалска репрезентација падна за две позиции и на денеска објавената ранг-листа на ФИФА се наоѓа на 65 место. Македонските...
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз официјално ја прифати оставката на Пикси, која дојде по поразот на домашен терен од Албанија...
Македонија има шанси и за директен пласман на СП 2026 и за освојување на второто место, кое носи играње во...
Со две асистенции во убедливата победа од 0:6 против Порторико, тој стана најдобар асистент во историјата на машкиот национален фудбал....