Skip to content

ГЕЈМИНГОТ ГО ДОБИ СВОЈОТ ОСКАР: „Clair Obscur“ ја освои круната на BAFTA 2026

1 мин. читање
Сподели

Лондон синоќа беше центарот на глобалната гејминг индустрија, каде се одржа BAFTA Games Awards 2026, настан кој дефинитивно потврди дека видеоигрите веќе не се само забава – туку најмоќната индустрија во светот.

Апсолутен победник на вечерта беше играта Clair Obscur: Expedition 33, која ја понесе најпрестижната награда – „Најдобра игра“, но и уште неколку клучни признанија, вклучително и за дебитантска игра и најдобра главна улога.

Сепак, вистинскиот спектакл го украде и играта Dispatch, која доминираше во техничките категории, освојувајќи награди за анимација, звук и споредна улога, покажувајќи дека конкуренцијата оваа година беше жестока и неизвесна до самиот крај.

Меѓу најзабележителните моменти беше и успехот на Ghost of Yōtei, кој ги освои наградите за музика и техничко достигнување, додека Death Stranding 2 – и покрај големите очекувања и бројни номинации – се задоволи со само една награда за уметничко достигнување, што многумина го оценија како изненадување на вечерта.

Британската сцена исто така имаше свој херој – Atomfall ја освои наградата за најдобра британска игра, додека култниот хит No Man’s Sky уште еднаш покажа долговечност, освојувајќи признание за „Evolving Game“.

Во останатите категории, Blue Prince беше прогласена за најдобар гејм дизајн, Kingdom Come: Deliverance II ја освои наградата за наратив, а South of Midnight триумфираше како нова интелектуална сопственост. Во категоријата за мултиплеер доминираше Arc Raiders, додека семејната публика ја освои Lego Party!.

Еден од најемотивните моменти беше доделувањето на BAFTA Fellowship на легендарниот индустриски лидер Илка Паананен, признание за животно дело и огромен придонес во развојот на гејмингот.

Настанот помина во знакот на новата ера на забавата – без големи скандали, но со силна порака: гејминг индустријата не само што го надмина филмот и музиката по приходи, туку и по влијание врз културата и иднината на дигиталниот свет.