Skip to content

ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?

1 мин. читање
Сподели
ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?

Министерката за енергетика вели дека цените на струјата на берзите денес на моменти се и нула евра за мегават-час. Поради тоа, според неа, може да се размислува и за промени кај блок-тарифите.

Во исто време, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ги повикува граѓаните наместо во станови да инвестираат во акции за изградба на Чебрен и други енергетски проекти.

Но додека едните зборуваат за евтина струја, а другите за нови инвестиции, во плановите на Електродистрибуција за 2027 година стои дека за покривање на загубите во мрежата ќе бидат потребни околу 764.000 MWh електрична енергија, што при цена од 100 евра за мегават-час изнесува околу 4,8 милијарди денари или над 76 милиони евра годишно.

Тогаш се поставуваат неколку едноставни прашања.

Ако струјата е толку евтина што на моменти вреди нула евра, зошто граѓаните и понатаму плаќаат блок-тарифи воведени во време кога струјата достигнуваше и 1.000 евра за мегават-час?

Ако енергетиката е толку профитабилна што граѓаните треба да инвестираат во брани и електрани, зошто истовремено секоја година се планираат милијарди денари за покривање на загубите во мрежата?

И најважно, дали пред да бараме од граѓаните да вложуваат во нови проекти, треба конечно да се одговори каде исчезнуваат милијардите денари кои секоја година се трошат за загуби?

Во една реченица, државата ни кажува дека струјата е евтина, дека треба да инвестираме во нови електрани и дека ќе потрошиме милијарди денари за загуби.

Прашањето е само едно:

Има ли пилот во авионот или секој во кабината управува со своја мапа?