Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју од Њујорк повтори дека Македонија сака Европската Унија да биде присутна во разговорите со Бугарија. Причината, според него, е едноставна: досегашните билатерални средби не донеле ништо суштинско.
„Досегашните средби на билатерално ниво коишто ги имаше и претседателката, но и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, се средби коишто јас ги викам средби колку да се случат средби“, рече Мицкоски. По секоја таква средба, додаде тој, следува брифирање „секогаш со сосема различна вистина“ од она што е разговарано на состанокот.
Тука е суштината. Софија, според Мицкоски, не сака трета страна на масата затоа што тоа би значело признание дека спор навистина постои. „И навистина ние имаме билатерален спор. Ние можеме да измислуваме, да се правиме дека немаме, ние во суштина навистина имаме билатерален спор којшто е сега на својот почеток“, рече премиерот.
„Најмалку 80 пати“
Најконкретниот дел од интервјуто е аритметиката. Ако утре се отворат преговорите, секое поглавје и секој кластер при затворање ќе мора да помине низ гласање во националните парламенти на земјите членки. „Тоа е најмалку 80 пати можност ние повторно да добиеме нови барања“, рече Мицкоски. Сценариото што го опиша е познато за секој што ги следел последниве години: порадикална структура во бугарскиот парламент, а потоа мејнстрим политичари што ќе кажат дека „поради домашни проблеми“ мораат повторно да блокираат. „Јас во тој процес нема да влезам“, порача тој.
Позицијата на Владата, според премиерот, е дека нема да влезе во „било каква авантура“ без да го види крајот на патот. Владата, вели, има предлози како процесот да се надмине заедно со Бугарија, со која сме партнери во НАТО. „Ако таму сме партнери во тоа семејство, логиката вели дека и тука треба да сме партнери.“
Одговорот од Софија
Бугарија го соопшти својот став уште на 25 септември, по изјавите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека ЕУ треба да учествува во сите идни разговори. Бугарското Министерство за надворешни работи порача дека Софија „отсекогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог“, но дека напредокот кон ЕУ зависи од исполнувањето на преземените обврски и од добрососедските односи. Пристапувањето, според Софија, е европско прашање што се решава во европските институции.
Преведено: дијалог може, посредник не, а обврските од преговарачката рамка остануваат на масата. Двете страни се разминуваат токму таму каде што удри Мицкоски – дали ова е европско прашање или билатерален спор облечен во европски правила.
Ако спорот не е билатерален, зошто се решава само меѓу Скопје и Софија? А ако е европско прашање, зошто Брисел не смее да седне на масата? На тоа Софија засега не одговара.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Законот бара студентскиот оброк да се усогласува со инфлацијата секоја година. Министерката Јаневска вели дека не е јасно кој треба...
Десет години се доволни за еден политичар, вели лидерот. Противкандидат нема, раководството не го пушта, а заминување шест месеци пред...
Најавата на партиската конференција звучи како одговор на кризата со станови. Меѓу говорницата и клучот во бравата стојат закон што...
На улица протест по нов случај од Битола, во Собранието одбиен амандман. Пријавите сега брзо ќе стигнуваат до обвинител, но...
Седум месеци пријави, судски мерки за заштита, па убиство. Обвинението стигна до деветмина од најниското скалило - прашањето е дали...
Министерката вели дека нема ретроактивност, само закон што досега не се применувал. А зошто не се применувал? „Најверојатно“ одлука на...
На 35-годишнината од Уставот, претседателката ги изброи измените и им порача на пратениците дека гласаат по сопствено уверување. Адресата на...
Во 21 од 36 амандмани посредувала меѓународната заедница. Претседателката бара гаранции дека следната измена нема да биде само уште една...
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Вреди го вади потписот на Артан Груби, СДСМ вели дека станува збор за 1,85 отсто конфискувани акции на Мијалков, а...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.