Мече загина на автопатот Скопје-Тетово: оградата е законска обврска, а тимот за спасување постои само во вибер-група
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
РЕК Битола испуштила 7.675 тони прашина во 2025 година – повеќе отколку што смее да испушти целиот регион од четири земји заедно. Бројката е удвоена во споредба со 2024 година, а доаѓа од извештајот „Comply or Close” на еколошката мрежа Bankwatch.
Сликата на регионот е алармантна. Термоелектраните во Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија во 2025 година испуштиле сулфур диоксид на ниво 6,6 пати над дозволеното, а прашина 2,9 пати над прагот – највисоко од 2018 година наваму. Пет јагленови блокови ги надминале своите лимити за сулфур диоксид за над десет пати, меѓу нив и три блокови на РЕК Битола.
Уште поскандалозен е делот за казни: според извештајот, во периодот 2018-2025 година за овие прекршувања нема изречено ниту една казна. Рокот за усогласување е 2027 година, а просечната старост на јагленовите блокови е 49 години – постројки што одамна требало да заминат во пензија.
Зад бројките стои воздухот што го дишат луѓето во Битола, Пелагонија и пошироко. Кога една постројка сама загадува повеќе од четири земји заедно, а казна нема, пораката до граѓаните е јасна – вашите бели дробови се поефтини од модернизацијата. И додека извозот на струја кон ЕУ паѓа поради новите јаглеродни давачки, прашањето е дали ќе нè принуди економијата да го расчистиме она што здравјето не успеа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Надоместокот за жалба скока од 50-200 на 150-600 евра, а фирмата што ќе докаже незаконитост повеќе нема да добие надомест...
Над 11.000 денари разлика меѓу две кошнички, минимална плата од 26.000 и најавени поскапувања на струјата и парното. Опозицијата нуди...
Во јули повисокиот дефицит беше цена за повеќе инвестиции. Три месеци подоцна инвестициите паѓаат, дефицитот од 750 милиони евра останува,...
Во речиси 500 трки за американските избори на средината на мандатот, моделот на Маск го посочил републиканецот во 92 отсто...
Компанијата вели дека безбеден прелистувач станал прескап за одржување. Корисниците бараат барем кодот да стане отворен - но тој код...
Со алатки како Claude Code, програмери и аматери бришат реклами, следење и вградени апликации од Android и Google TV уредите....
Летото дефицитот се зголеми со образложение дека ќе има повеќе инвестиции. Три месеци подоцна инвестициите се кратат, а дефицитот од...
Евростат ги објави бројките: Словачка е најрамномерна, Бугарија најнееднаква. Македонија е на средина - но со податоци од 2024 година.
Индексот на активност падна на 51,9 поени, инфлацијата стигна до 3,8 отсто, а „брент“ до 114 долари за барел. Европа...
Откако еден нивен модел во септември сам се пробил на интернет, OpenAI ги затвора најмоќните модели во копија од мрежата....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.