Лихварска група во Куманово работела пет години – паднала дури кога еден граѓанин се охрабрил да пријави
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Доналд Трамп сакаше да ги собори цените на пумпите точно пред изборите – со руски дизел, договорен лично со Владимир Путин. Изборите ги изгуби. Сега и дизелот бара друг купувач: два од трите танкери што пловеа кон американскиот брег нагло го сменија курсот.
Првиот е „Талисман“, дваесетгодишен руски танкер под санкции на САД, Велика Британија и Европската унија. Да, добро прочитавте: брод под американски санкции требаше да носи гориво за Америка, по договор на американскиот претседател. Вториот е „Леруо“, во сопственост на компанија од Хонгконг, под знамето на Сиера Леоне и под санкции на Британија, ЕУ и Канада. Ниту еден од двата веќе не го наведува атлантскиот брег на САД како одредиште.
„Леруо“ во понеделникот го смени сигналот и сега наведува Бразил. „Талисман“ се сврте од Атлантикот назад кон Средоземно Море и моментално е кај брегот на Алжир, со сигнал дека „чека наредби“ – што значи дека товарот нема потврден купувач ниту пристаниште за истовар.
Третиот танкер, „Агиои Фанендес“ во грчка сопственост, сè уште плови кон САД, но и тој јавува дека „чека наредби“. „Два од трите товари руски дизел наменети за САД сега се пренасочени кон други одредишта“, вели аналитичарот Мет Смит од компанијата Kpler. Според него, третиот брод треба да стигне во Њујорк овој викенд, но бидејќи американските купувачи очигледно се воздржуваат поради прописите, законите и санкциите, „не би било никакво изненадување ако и овој танкер го смени курсот“. Во меѓувреме, уште еден санкциониран танкер, „Бист“ од Сејшелите, натоварен на 27 октомври во руското пристаниште Приморск, плови кон американскиот брег.
Отпорот дојде и одвнатре. Договорот ги разбесни демократите, но и дел од републиканците во Конгресот, кои предупредија дека може да е незаконски и побараа итно да се поништи. Гувернерката на Њу Џерси, Мајки Шерил, им испрати официјално писмо на операторите на пристаништата и терминалите: секој танкер со руски дизел да го вратат, или ќе се соочат со строги казни.
А дизел на Америка навистина ѝ треба. Американските залихи паднаа под 100 милиони барели – за прв пат во повеќе од две децении. Фјучерсите на дизел скокнаа за повеќе од 60 проценти откако Трамп ја започна војната во Иран, а цената на американските пумпи е околу 6,27 долари за галон, блиску до историскиот рекорд од септември. Светските залихи се стопија поради падот на рафинерискиот капацитет предизвикан од војните во Иран и Украина.
Џејкоб Мелдгард, извршен директор на бродарската компанија TORM, го сумираше подобро од кој било политичар: „Дури и пред демократите да го преземат Конгресот, се гледа дека враќањето на Русија во глобалната економија не оди толку едноставно. Дури ни кога тоа го турка самата американска администрација.“
Евтино гориво точно пред гласањето, договорено директно со Кремљ – звучи ли ви познато? Американскиот случај покажува нешто поважно од предизборните трикови: мрежата санкции, откако еднаш ќе се исплете, не се расплетува со еден телефонски разговор. Ако тоа не му успева ни на Вашингтон, колку простор имаат помалите држави што се надеваат на исклучоци за руските енергенси?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Демократите ги зедоа двата дома на Конгресот, а потпретседателот напиша дека причината е војната. Трамп се согласи - и рече...
Ранец за итни случаи, вода, конзерви и батерии - Европската комисија официјално објасни што треба да има секое домаќинство. На...
Не е обвинет, туку сведок. Во предметот се спомнуваат и 270.000 евра „свадбен подарок“ за Сара Фергусон и 30.000 евра...
Кога и најгласните републиканци признаваат дека партијата доживеала изумирање, поразот не е спин. Тексас падна, а пресудија цените на бензинот...
Трамп го повика руското гориво за да ги собори цените пред изборите. Изборите ги загуби, а танкерите сега бараат други...
Кога една казна истекува, се пишува нова. Лидерот на движењето на чадорите, во затвор од 23-годишна возраст, сега ќе излезе...
На половина од мандатот, Трамп падна на 38 отсто одобрување, а Тексас доби демократски сенатор по повеќе децении. Неговото објаснување...
Стотици луѓе, полициски кордон и сепак човек од Хогвауд стигнал на чекор од кралот. Барал помош, бидејќи, според него, му...
Тексас по три децении, Канзас по 87 години, а 168 милиони долари од Маск отидоа во ветер. Две години по...
„Не бев на ливчето, а да бев, ќе победевме убедливо.“ Прво вето, потоа соработка, а одговорот за мандатот - за...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.