Октомври, а Македонија сè уште гори: 30 пожари за еден ден, пет од нив на депонии и ѓубре
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Македонските професионални возачи се заглавени меѓу граници, печати и ограничувања за влез и престој во Шенген-зоната. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски сега вели дека државата нашла решение – не едно, туку неколку различни, договор по договор, земја по земја.
Според него, со Хрватска е склучен билатерален договор, а потоа договор потврдила и Швајцарија. Со Романија е договорено на македонските возачи да им се издаваат дозволи, а не визи. Со Бугарија и Грција се разговара возачите што влегуваат и излегуваат во ист ден воопшто да не се регистрираат. Со „одредени други држави“, вели министерот, преговорите се во финална фаза.
Виновник: бирократијата
Николоски одбива теории дека зад проблемот стои план за уништување на балканските превозници. „Да ова било некој голем план, каде што целта би била да се уништат балканските превозници и бизнисот да го земат некои други превозници, ќе го видевме. Нема таква работа“, рече тој. Неговото објаснување е попрозаично: бавна европска бирократска машинерија, на која „ѝ е тешко да носи нови одлуки“.
Министерот потсети и дека штетата не е само наша. Над 87 отсто од странските директни инвестиции во Македонија доаѓаат од Европската Унија, а и тие компании, вели, не можат да најдат алтернативен начин да ја превезат својата стока.
Крпеница наместо решение
Добро е што нешто се движи. Но да се погледне што всушност добиваат возачите: еден режим во Хрватска, друг во Романија, трет, можеби, кон Бугарија и Грција, а за останатите шенгенски земји – чекање. Возач што вози од Скопје до Германија минува низ неколку држави, а секоја има свое правило.
И самиот Николоски признава дека „нема едно целосно решение“. Ако проблемот навистина е во бирократијата во Брисел, зошто тогаш решението мора да се бара во секоја престолнина посебно – и колку возачи ќе се откажат од професијата додека се собере целата слагалка?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Со пониските акцизи приходите се намалија, а дефицитот остана ист - па ножот падна врз инвестициите. Животната средина губи 1,5...
Николоски брои над 10.000 возила дневно кон и од Косово и ветува помалку загадување. Но линијата чека туѓ тунел, а...
Барелот поскапе 3,7 отсто за едно утро, европските берзи паднаа, а златото е над 4.100 долари. Пазарите гледаат во Хормузскиот...
Компанија вредна трилиони долари сега е обвинета за измама со зелени карти. Венс ѝ порача да вработува Американци, а странските...
Од универзитетски проект до 3,1 милијарда долари за три години. Arena ги рангира ВИ-моделите, а за аналитиката ѝ плаќаат и...
Најголемиот срам за една компанија: хакерите да им пишуваат на нејзините купувачи преку нејзината сопствена апликација. Asos има 17 милиони...
Заклучно со 6 октомври, дефицитот е 50,2 милијарди денари, речиси 4 милијарди над годишниот план што Владата вели дека го...
Месечната инфлација е нула, но храната поскапе за 0,5 проценти, втор месец по ред. Премиерот ја споредува инфлацијата со еврозоната,...
3,3 милиони патници за девет месеци и раст од 29 проценти. Но речиси два од секои три патници во Скопје...
Направен да ги чува тинејџерите од емоционална зависност, ботот на реченицата „пријателите ми велат дека премногу зборувам со тебе“ одговорил:...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.