Судењето за „Пулс“: вештакот на обвинителството го нарече вештачењето на одбраната „стручна самодисквалификација“
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Управата за јавни приходи објави бројки што ретко кој ги чита, а би требало. За октомври 21.061 даночен обврзник пријавил ДДВ во вкупен износ од 5,578 милијарди денари. Во законскиот рок биле уплатени 2,542 милијарди, или 45,6 отсто. Останатите 3,036 милијарди денари, приближно 49 милиони евра, не стигнале до буџетот кога требало.
Да се нагласи: ова не е долг што УЈП го открила со контрола. Ова е ДДВ што фирмите сами го пријавиле, па не го платиле. Обврската во рок ја исполниле 12.676 обврзници, односно 60,2 отсто, а 8.385 не. Рокот истекол на 26 октомври, бидејќи 25-ти паднал во недела. Пријавите, пак, ги поднеле речиси сите: 98,5 отсто од месечните и 97 отсто од тримесечните обврзници. Пријавуваат уредно, плаќаат кога ќе стигнат.
Платите и придонесите
Посериозната бројка е кај работниците. За септември обврска за исплата на бруто-плата имале 74.782 работодавачи за 553.040 вработени. До рокот, 15 октомври, ја исполниле 49.439 работодавачи, односно 66,11 отсто. 25.343 работодавачи доцнеле. Придонесите се платени за 481.003 вработени, а за 72.037 не биле платени во рок.
Податоците покажуваат состојба на денот на рокот, не колку од тоа е платено подоцна. Но за работник што чека плата, разликата помеѓу „доцна“ и „не платено“ е мала утеха. Придонесите се неговиот пензиски стаж и неговото здравствено осигурување, и тие не се прашање на добра волја на газдата.
УЈП вели дека на доцнењата прво им праќа персонализирани известувања со повик за доброволно плаќање, потоа опомени, па присилна наплата и блокада на сметка. Убаво подредено. Но ако секој трет работодавач го пробива рокот, а речиси половината ДДВ стигнува доцна, колку навистина плаши тој редослед?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Документи од владини седници, барање оставка од гувернерот и обвинител кој вели дека не спомнал „ниту дали има, ниту дали...
За 20 години фондовите оствариле 1,25 милијарди евра принос. Сега предлагаат луѓето да работат подолго, а Владата да не посегнува...
Се купува помалку, се изнајмува многу повеќе, а просечната сума по продаден стан расте. Пазарот се лади само по бројот...
Хуанг има 60 директни потчинети, а наследник нема. Аферата со наводна кинеска шпионка ја отвори најнезгодната тема за компанијата чии...
Стартапот првите чипови ги ветува дури следната година, а веќе вреди над 5 милијарди фунти. Британската влада влезе со свој...
Диџејот сега може да биде опуштен Американец, Ирец или Австралиец - или речиси да не зборува. Самата компанија вели дека...
Во јули дефицитот се креваше за да има повеќе капитални проекти. Во ноември проектите се кратат, а дефицитот не мрда....
Мала фирма во Македонија пополнува речиси исти извештаи како корпорација. Сметководителите предлагаат краток стандард за микро претпријатијата, а институциите засега...
Од 1 јануари најголемите ВИ-лаборатории ќе мора да се пријават кај држава што ги надгледува, наместо сами да си пишуваат...
Компанијата што ти ги следи сонот и пулсот сега сака да биде и првата врата до лекарот. Пред неколку недели...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.