Лихварска група во Куманово работела пет години – паднала дури кога еден граѓанин се охрабрил да пријави
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Европската комисија напиша еден извештај. Скопје го прочита како два. Еден ден по објавувањето, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го искористија Извештајот на ЕК за меѓусебен обрачун – и ниту една страна не објасни што конкретно ќе направи за она што Брисел го забележал.
Првиот истрел го испука Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Извештајот за него е „катастрофален“ и „директна критика за владеењето на ВМРО“. „Имаме нула напредок во седум области“, рече тој, набројувајќи ја корупцијата, јавните набавки и слободата на медиумите. Судството, според него, е „под политичка опсада и без пари“, а Собранието ја злоупотребува скратената постапка за носење закони. Додаде и дека ако земјата била во ЕУ, немало да има скандал како „Алта банка“.
ВМРО-ДПМНЕ одговори со соопштение во кое за политиката нема речиси ништо. Жерновски е „несуден амбасадор, човек кој 20 години е на државна сметка“. СДСМ е во „интелектуален и политички ќорсокак“, „фабрика за лаги и шпекулации“. Партијата тврди дека Жерновски не знае што значи акронимот НАТО, а опозицијата ја обвини дека со притисокот врз Народната банка за „Алта банка“ создава „вештачка криза“ за банката да ја преземе бизнисмен близок до СДСМ – тврдење за кое во соопштението нема никаков доказ.
За извештајот, владејачката партија се повика на зборовите на евроамбасадорот Михалис Рокас за напредок во дигитализацијата, науката, образованието и владеењето на правото. И заврши со порака: „Граѓаните да бидат спокојни. Додека е премиер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат.“
Тоа е реченица што звучи како гаранција, а е политичка порака. Банките ги надгледува Народната банка, не партијата. А штедачите на „Алта банка“ во Битола оваа недела стоеја во редици за да видат што ќе биде со нивните пари.
Во целата размена исчезна она што е во самиот извештај. Корупцијата е без напредок. На судовите им недостигаат над двесте судии, а приемот на нови кандидати е поништен поради буџетот. Изборниот законик не е усогласен со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа се задачи за власта и за опозицијата заедно. Кој од нив ќе седне на маса за нив – наместо пред микрофон?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Брисел ја пофали надворешната политика и Планот за раст. За корупцијата пишува дека напредок нема, а за судството - закони...
Корупцијата е распространета, изборните реформи стојат, а за Уставот „не биле направени обиди“. Меѓу сето тоа, Брисел нашол место и...
Опозицијата го обвинува министерот за локална самоуправа за величење осуден воен злосторник, врски со српски разузнавачки структури и закани кон...
ДУИ ја зеде Брвеница, а за ВМРО-ДПМНЕ резултатот е „повеќе од одличен“ - иако и коалицискиот партнер ВЛЕН се најде...
Правилата се добри, службите не соработуваат, па да ги избришеме правилата. Опозицијата прашува зошто Советот за координација не се состанал...
Опозицијата најавува интерпелација и бара истрага, гувернерот одговара со „Јасно е сега?“. До кога важи лимитот, сè уште не е...
Мицкоски брои 1.200 гласа раст од првиот круг, но Брвеница ја нема. „Сами против сите“ звучи добро додека не се...
Опозицијата тврди дека предупредувала со месеци, премиерот се потпре на контролите на Народната банка. Некој ја процени банката што влезе...
На 1 ноември Софија го бира шефот на државата. На дебатата се водеше кавга за тоа кој ги заслужува заслугите...
На завршниот митинг зборуваше за обединување и за институции што му служат на граѓанинот. Потоа од бината ги посочи судиите...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.