Пет жаришта во една ноќ кај Раец: градоначалникот алармира преку Фејсбук, превентивата пак остана тема за септември
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.08.2026
01.08.2026
31.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Meta најави дека ќе користи вештачка интелигенција за да анализира фотографии и видеа на Facebook и Instagram – и тоа со цел да открие дали корисникот е помлад од 13 години. Системот ќе ги анализира „општите визуелни знаци” како што се висината и коскената структура на лицето во кадар.
Компанијата веднаш направи дистинкција: ова не е препознавање на лица. „Сакаме да биде јасно: ова не е распознавање на лица. Нашата AI гледа општи теми и визуелни знаци, на пример висина или коскена структура, за да процени општа возраст; не идентификува конкретно лице”, се вели во соопштението.
Системот не работи изолирано. Ги комбинира визуелните сигнали со анализа на текст и интеракции – имендани, споменувања на училиште, постови, коментари, биографии. Ако алгоритмот заклучи дека корисникот е малолетен, профилот се деактивира. Ако корисникот сака да го запази, мора да помине низ процес за верификација на возраст.
За да се разбере точно зошто Meta наеднаш стана толку загрижена за заштита на децата, доволен е еден број – 375 милиони долари. Толку треба да плати компанијата по пресуда на порота во Њу Мексико за тоа што ги довела во заблуда потрошувачите за безбедноста на платформата и ги загрозила децата. Едвај некоја случајност што следната недела гледаме нови мерки.
Meta истовремено ги проширува „Тинејџерските сметки” во 27 земји од ЕУ и во Бразил, и сличен режим ќе биде воведен на Facebook во САД, Велика Британија и ЕУ. Тинејџерските сметки имаат ограничувања на пораки само од следачи, филтри за вознемирувачки коментари, и приватни поставки по дифолт.
Прашањето за нас на Балканот е едноставно: алгоритам кој со помош на висина и коскена структура одлучува дали си малолетен – тоа е технологија која работи, или работи „доволно добро” за да се избегнат тужби? И уште поважно – на чии сервери одат тие фотографии? Meta тврди дека не идентификува конкретни лица. Но истата компанија која со години гледаше како тинејџери ѝ го уништуваат менталното здравје на својата платформа сега бара доверба на збор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Операторот што покрива 67 милиони потрошувачи призна дека нема струја за сите и однапред одлучи кој ќе остане на темно....
Продажбата не паѓа затоа што луѓето осиромашија, туку затоа што старите телефони престанаа да се расипуваат навреме. Одговорот на индустријата...
Опус 5 постави рекорд во тестот и прекрши 11 договори. Ниту еден од триковите не е нов - сите се...
Милијардите беа најавени со сцена и слогани. Повлекувањето се одвива тивко, во реченици со зборот усогласување.
Тим Кук во последниот квартален извештај најави дека посилната Siri ќе се купува преку iCloud+. Фирмата што плати 250 милиони...
Платформите што со години нè убедуваа дека автоматизираната содржина е иднината сега трпеливо градат филтри против неа. Одлуката не е...
Од 141.006 тест-извршувања, три завршиле во живите системи на вистински фирми. Најстариот модел сфатил дека целта е реална - и...
Најсилен јунски квартал во историјата, а акцијата падна за 6 отсто. Вештачката интелигенција испадна дека има тело од силициум -...
FCC ги затвора вратите за хуманоидни роботи и струјни инвертори, но само за новите. Милионите кинески уреди што веќе се...
Плеерот што ја одгледа MP3 генерацијата се обложува дека носталгијата се наплатува месечно. Новиот Winamp пристигнува во 2027, на пазар...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.