„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На својот последен извештај за заработка како извршен директор на Apple, Тим Кук им кажа на инвеститорите нешто што корисниците на iPhone досега не го слушнале јасно: новата Siri со вештачка интелигенција најверојатно нема да биде целосно бесплатна. Кој сака да ја користи многу, ќе плати повеќе.
Механизмот што го опиша Кук не е нова претплата, туку надградба врз онаа што веќе постои. Дополнителната пресметковна моќ за Siri би се купувала преку iCloud+ – истата услуга која досега продаваше простор за фотографии и резервни копии. „Веруваме дека ќе има луѓе што ќе сакаат да ја користат многу, па ќе имаме некакви можности за надградба на iCloud+, каде што луѓето ќе можат да купат повисоко ниво“, рече Кук, додавајќи дека плановите сè уште не се финализирани.
Значи, облакот што го купивте за да не ви снема место за слики сега станува и мерач колку смеете да разговарате со телефонот. Anthropic и OpenAI веќе работат така – ограничена бесплатна верзија, а сериозното користење се плаќа. Разликата е што кај нив тоа беше очекувано од првиот ден. Apple со години го продаваше спротивното: платете го уредот еднаш, сè друго доаѓа со него.
Зад најавата стои една пропаст што Apple не сака да ја именува. Компанијата толку заостана во трката за напреден асистент што мораше да лиценцира прилагоден модел Gemini од Google – директниот конкурент – за да ја засили сопствената Siri. А задоцнувањето веќе чинеше и пари: 250 милиони долари (околу 230 милиони евра) спогодба по колективна тужба околу тоа како беа рекламирани ВИ можностите на iPhone 16. Фирма што плати четвртина милијарда затоа што вети функција што не постоеше, сега ја најавува истата функција како премиум производ.
Новата Siri е достапна во бета верзијата на iOS 27, а поширокото пуштање е планирано за оваа есен. Тогаш веќе нема да седи Кук на врвот – Џон Тернус, долгогодишниот шеф на хардверското инженерство, ја презема функцијата во моментот кога наследува два отворени фронта наеднаш: заостанување во софтверот и поскапување во хардверот.
Вториот фронт е поопиплив за секој купувач. Недостигот од меморија предизвикан од ВИ центрите ја крена цената на изработката на речиси секој уред, па Meta, Samsung, Microsoft и Sony веќе поскапија дел од своите производи. Apple ги крена цените на Mac и iPad минатиот месец, а iPhone засега остана недопрен. Засега.
Најинтересно е што двете работи се движат во иста насока. Уредот поскапува, а функцијата што требаше да го оправда поскапувањето сега бара своја претплата. Кај нас телефонот од илјада евра не е импулсивна покупка – тоа е одлука што се планира. Прашањето што останува е едноставно: колку пати може да се наплати еден ист телефон?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.