„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Пред Spotify да го научи светот да плаќа месечно за музика, постоеше Winamp – плеерот со кој цела една генерација ги слушаше преземените MP3 фајлови на бавен интернет. Сега брендот се подготвува за уште едно враќање, овојпат со платена претплата.
Winamp и Deezer во среда објавија партнерство по кое францускиот сервис ќе ја напојува претстојната претплатничка услуга на Winamp. Практично, Winamp ја позајмува технологијата и лиценцираниот каталог на Deezer, а го задржува своето име и својот изглед. Новиот плеер треба да пристигне во првата половина од 2027 година.
Ветувањето е плеер што спојува сè на едно место – платен стриминг, локалната музичка колекција на дискот, интернет радио, подкасти и лични фајлови во облак. Компанијата вели дека претплатата ќе понуди „фундаментално различно искуство” од денешните стриминг платформи. Што точно значи тоа, не е кажано. Засега тоа е реченица од соопштение, не функција.
Носталгијата е реална, прашањето е дали е наплатлива
Winamp тврди дека неговиот бесплатен десктоп плеер и денес го користат над 40 милиони луѓе. Тоа не е мала бројка, но бесплатен корисник и претплатник се две различни работи. Пазарот е преполн – Spotify, Apple Music, YouTube Music – и сите веќе наплатуваат месечно. Прашањето не е дали Winamp има публика која го памети, туку колкав дел од таа публика сака четврта сметка за музика.
Аргументот на компанијата се потпира на нешто што навистина се случува: враќањето на старата технологија. Касетите, MP3 плеерите, дури и iPod уредите повторно се бараат. Луѓето се враќаат кон носители што ги држат в раце, наспроти алгоритам што им кажува што сакаат. Winamp се обложува дека може да го спакува тоа чувство и да му додаде стриминг.
Вреди да се потсети дека ова не е првиот обид. Во екот на web3 еуфоријата Winamp експериментираше со NFT токени, дозволувајќи им на корисниците да поврзат музички токени со плеерот. Претходно се најавуваше преобразба во мобилна апликација за повеќе платформи. Неодамна брендот се сврте кон алатки за музичари – монетизација и дистрибуција. Секој од тие правци беше најавен како враќање.
Оваа најава е барем поблиску до она поради што луѓето го паметат името. Дали ќе биде доволно да ги извади парите од џебот на некој што од 1999 година не платил за музички плеер – тоа ќе се знае дури во 2027 година.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.