Пет жаришта во една ноќ кај Раец: градоначалникот алармира преку Фејсбук, превентивата пак остана тема за септември
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.08.2026
01.08.2026
31.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Свајпот – геста која дефинираше цела генерација апликации за запознавање – официјално е во последните месеци. Bumble, една од најпознатите апликации за датинг во светот, ќе го укине свајпот во Q4 2026 година. Извршната директорка Витни Вулф Херд лично го најави преобразувањето во интервју за Axios, и тоа доаѓа во момент кога компанијата губи корисници со забрзано темпо.
Бројките се неумоливи. Платените корисници на Bumble во првиот квартал од 2026 година паднаа на 3,2 милиони – намалување од 21 процент во однос на истиот период лани, кога имаа 4 милиони. „Извршивме намерен ресет на нашата база на корисници”, вели Вулф Херд, „приоритет е квалитетот пред квантитетот.” Тоа е PR јазик за: го губиме делот од корисниците кои сакаа само да свајпуваат, и сега бараме нови.
„Ќе се збогуваме од свајпот и ќе кажеме здраво на нешто што верувам дека е револуционерно за оваа категорија”, изјави Вулф Херд. Точно што е тоа „нешто” сè уште не е јавно – но познато е дека во развој е Bee, асистент за датинг базиран на вештачка интелигенција. Bumble претходно ја опиша AI-та како „суперполнач за љубовта и врските”, што е реченица за која може да се напише посебна теза.
Свајпот не е изумен од Bumble – Tinder го популаризирал. Но тој стана универзалниот јазик на дигиталното запознавање. Лево, десно, лево – и потоа разговор со некој незнајник. Сега, кога цела генерација пораснала со таа геста, индустријата признава дека таа повеќе не функционира. Зошто? Премногу хорна, премалку врски. Премногу опции, преамалку посветеност.
Прашањето е што ќе го замени свајпот. Ако одговорот е „вештачка интелигенција”, тогаш Bumble влегува во ново подрачје: апликации каде алгоритамот не само што предложува, туку и активно посредува. Тоа отвора прашања за приватност (што ќе знае Bee за тебе?), за манипулација (зошто овој профил, а не оној?), и за самата природа на човечките врски кога машината го избира партнерот.
Балканскиот корисник што годините ја користеше Bumble знае: во регионот апликациите за датинг се мешавина од сериозни корисници и оние кои сакаат само разгледница. Свајпот беше демократски – сите имаат еднакви шанси да бидат отфрлени со еден прст. Што и да го замени, едно е сигурно: индустријата на датинг апликации повторно се преобразува, и многу од однесувањата што ги научивме во минатата деценија треба да се занемарат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Операторот што покрива 67 милиони потрошувачи призна дека нема струја за сите и однапред одлучи кој ќе остане на темно....
Продажбата не паѓа затоа што луѓето осиромашија, туку затоа што старите телефони престанаа да се расипуваат навреме. Одговорот на индустријата...
Опус 5 постави рекорд во тестот и прекрши 11 договори. Ниту еден од триковите не е нов - сите се...
Милијардите беа најавени со сцена и слогани. Повлекувањето се одвива тивко, во реченици со зборот усогласување.
Тим Кук во последниот квартален извештај најави дека посилната Siri ќе се купува преку iCloud+. Фирмата што плати 250 милиони...
Платформите што со години нè убедуваа дека автоматизираната содржина е иднината сега трпеливо градат филтри против неа. Одлуката не е...
Од 141.006 тест-извршувања, три завршиле во живите системи на вистински фирми. Најстариот модел сфатил дека целта е реална - и...
Најсилен јунски квартал во историјата, а акцијата падна за 6 отсто. Вештачката интелигенција испадна дека има тело од силициум -...
FCC ги затвора вратите за хуманоидни роботи и струјни инвертори, но само за новите. Милионите кинески уреди што веќе се...
Плеерот што ја одгледа MP3 генерацијата се обложува дека носталгијата се наплатува месечно. Новиот Winamp пристигнува во 2027, на пазар...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.