Skip to content

Зошто доцниш со одговор на пораки: психолозите велат дека не е незаинтересираност, туку исцрпен мозок

1 мин. читање
Сподели
Зошто доцниш со одговор на пораки: психолозите велат дека не е незаинтересираност, туку исцрпен мозок

Ако некој ти одговара на порака по три дена, првата помисла е дека не му е гајле. Психолозите велат дека најчесто грешиме – доцнењето со одговор поретко е знак на незаинтересираност, а почесто на ментална исцрпеност. Мозокот, едноставно, нема енергија за уште една интеракција.

Постојаниот тек на известувања – WhatsApp, мејлови, Instagram, повици, гласовни пораки – создава непрекината когнитивна побарувачка. По цел ден носење одлуки и решавање проблеми, психолозите објаснуваат, мозокот влегува во состојба на замор каде и наједноставната размена изгледа преоптоварувачки. Не е мрзеливост, не е невоспитание – туку мозок кој се штити.

Има и втор слој. Некои луѓе одолжуваат не од умор, туку од перфекционизам – сакаат да го состават „вистинскиот” одговор, и токму тој притисок ја зголемува одложбата. Колку повеќе мислиш како да одговориш, толку подоцна одговараш. Парадокс кој секој со преполн инбокс го познава.

Кога ќе достигне точка на заситеност, мозокот активно ги избегнува надворешните дразби за да се заштити од дополнително преоптоварување – што објаснува зошто понекогаш едноставно исчезнуваме од комуникација за неколку дена. Знаците на емоционална преоптовареност, велат стручњаците, се препознатливи: раздразливост, слаба концентрација, постојан умор, и тенденција целосно да ги избегнуваш известувањата.

Советот од психолозите е едноставен и неочекувано ослободувачки: одговарај кога чувствуваш дека можеш да го сториш тоа смирено, наместо од исцрпеност. Поставувањето дигитални граници не е знак на одбивање кон другите – тоа е заштита на сопственото ментално здравје. А оној што навистина те цени, ќе разбере дека тишината од три дена не значи дека си заборавен, туку дека некому му треба здив.