Пет жаришта во една ноќ кај Раец: градоначалникот алармира преку Фејсбук, превентивата пак остана тема за септември
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Истата крема за сонце за лицето и за телото? Дерматолозите велат – не. Звучи како непотребна комерцијализација, уште една шема да купиш две шишиња наместо едно. Но зад препораката стои реална разлика во кожата, не маркетинг.
Кожата на лицето е потенка и почувствителна од онаа на телото, со поголема густина на лојни жлезди, и постојано изложена на УВ-зрачење, загадување и сина светлина од екраните. Таа бара лесни формули кои брзо се впиваат. Кожата на телото, спротивно, е подебела, бара повеќе хидратација и отпорност на триење, вода и пот – па затоа кремите за тело се погусти и поокклузивни.
Тука е проблемот. Кремите за тело се направени да издржат вода и пот, што ги прави погусти и комедогени – односно склони да ги затнат порите. Нанесени на лицето, можат да предизвикаат акни, црни точки, фоликулит, па дури и да ја влошат розацеата, особено кај мешовита или масна кожа. Освен тоа, формулите за тело често содржат мириси или алкохоли кои ја иритираат поделикатната кожа на лицето.
Кремите за лице, од друга страна, доаѓаат како флуиди, гелови или со „суво” финиширање, со состојки кои кожата ги поднесува добро – ниацинамид, хијалуронска киселина, антиоксиданси. Кремите за тело користат филтри во комбинација со силикони и полимери што создаваат водоотпорен слој – одличен за плажа, погрешен за лицето.
Препораката на крајот е едноставна: SPF 30 до 50 во текот на целата година, со приоритет на SPF 50 напролет и налето, и – ова е местото каде сите грешиме – реапликација на секои два часа или по капење. Бидејќи и најдобрата заштита не вреди ако ја нанесеш само еднаш наутро и потоа цел ден заборавиш на неа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Модната индустрија живее од тоа да те убеди дека ти треба нешто ново. Затоа е забавно кога и самата ќе...
Дерматолог објаснува како да се распознае вистинско опаѓање од кршење. Маската ја подобрува сувата фибра, но не прави ништо кога...
Фустан што се менува три пати низ вечерта, обетки позајмени од пријателка и еден салон претворен во њујоршки клуб. Најсилниот...
Модата секоја сезона прогласува спасител. Овој веројатно веќе стои во ормарот - а половина од предложените изданија не чинат ниту...
Без слоеви, со тежина на врвовите и најмногу корист за тенка коса. Најпрактичниот аргумент нема врска со мода туку со...
Свадбениот мени беше најпредвидливиот дел од свадбата. Сега ресторани со три ѕвезди отвораат служби за настани - а гостите на...
Шарата ја работи работата наместо тебе. Ниту една од овие комбинации не бара нова набавка - и индустријата тоа го...
Досега сè се пакуваше под еден збор - парфем. Дерматолог ја додава реченицата што ја руши целата маркетиншка митологија: природно...
Семејство што живее од присуство пред објективи избра церемонија на која немаше кого да сними. А во букетот носела медалјон...
Три излегувања, три фустани, вкупно помалку од една вечера во ресторан. Ниту еден луксузен бренд, а најодлучната на семејната фотографија.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.