Кулата на Водно готова од јануари, се отвора дури во јуни: кога доцнењето стане норма, престануваме да го броиме
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
03.06.2026
03.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
03.06.2026
02.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Институцијата што треба да образува идни судии и обвинители – чувари на правдата – сама не ги почитувала правилата. Државниот завод за ревизија откри низа сомнителни исплати и неправилности во Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година.
Ревизорите утврдиле дека Академијата исплаќала надоместоци на координатори „чиј статус, права и обврски не се утврдени со Законот за Академијата”. Со други зборови – луѓе платени за функција што законот воопшто не ја предвидува. Слично, членовите на одбори и програмски совети примале полн месечен надоместок без оглед на тоа дали воопшто присуствувале на седниците.
Особено индикативна е една бројка во набавките: од 2011 до 2023 година континуирано се користел истиот економски оператор – 13 години без конкуренција, преку преговарачки постапки без објавување. Тендерската документација содржела и критериуми што немаат врска со предметот на набавката, а дел од стоките и услугите биле купени воопшто без јавна набавка.
Хаосот не застанува тука. Втората фаза на обука за осмата генерација пречекорила законски рок за три месеци, што донело дополнителни исплати за ментори и координатори. А приемот на 130 слушатели – прво запрен од Антикорупциската комисија, потоа блокиран од владата, и конечно целосно поништен во декември 2025. Цела една генерација идни правници, и парите вложени во неа, заглавени.
Поранешната директорка Наташа Габер-Дамјановска ги припиша наодите на објективни околности и интензивен обем работа, а не на намерно заобиколување на законот. Можеби. Но прашањето за граѓанинот останува непријатно: ако институцијата што ги создава чуварите на законот толку лежерно си игра со сопствените правила, со каква почит кон правилата излегуваат нејзините дипломци?
Најновите 10 вести од оваа категорија
155 метри и 20 милиони евра, завршена половина година, а сè уште чека хартии од шалтер до шалтер. Секој ден...
Лукровски на боледување без објаснување, општината ја води советник со титула што македонскиот закон не ја познава. Има ли граѓанинот...
Загинатите паднати од 56 на 39 за пет месеци, странските таблички конечно ќе се казнуваат. Но тротинетите со години се...
56 објекти избришани од листата на културни добра. Барањето за итна заштита стигнало пред долг викенд, куќата урната пред некој...
Коренот на проблемот со уличните кучиња не е на улица, туку дома. Нов закон бара регистрација и надзор - но...
Додека со години траат дебатите околу согорувањето на отпад во печките на Титан Усје, финансиските резултати покажуваат дека компанијата работи...
Каматата на задоцнето плаќање знае да нарасне повеќе од самиот долг. Ако сте меѓу оние што го одложуваат за подоцна...
Боледувањето не е срам. Молкот е друга работа. Општината не е приватна фирма туку јавна институција - молк и насмевка...
Барем некој се сетил дека базен затворен преку лето е базен затворен кога најмногу треба. Прашањето е дали „наесен" ќе...
Лесно е да се аплаудира на соларни панели; потешко е да му одговориш на рударот каде ќе работи за пет...