Е-индексите на УГД пет години се „поправале“ за пари: притвор за двајца вработени
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Има градови што изгледаат како да се измислени за филм – а потоа се испоставува дека навистина се. Ванкувер, на западниот брег на Канада, стана позната локација каде што се снима популарната романтична серија „Off Campus”, базирана на романите на Ел Кенеди. Серијата раскажува за студенти, љубов и хокеј на измислениот универзитет „Брајар”, но целата приказна всушност е снимена овде, во провинцијата Британска Колумбија.
Главната локација е Универзитетот на Британска Колумбија, кампус опкружен со природа чии надворешни делови се отворени за посетители. Спортскиот центар на кампусот и арената „Пацифик Колизеум” ги одиграа хокеарските сцени, а еден луксузен бутик-хотел во центарот на градот стана „станот на Дин” од серијата. За фановите што сакаат да го прошетаат светот од екранот, мапата е речиси целосно достапна.
Но Ванкувер вреди и без серијата. Гастаун е историски кварт со калдрма, викторијански згради и познат часовник на пареа. Стенли Парк е огромен зелен простор опкружен со океан, со патеки, плажи и панорами што се памтат. Гранвил Ајленд, поранешна индустриска зона претворена во културно-гастрономски центар, нуди пазари, галерии и занаетчиски дуќани – спој на минато и сегашност каков што балканските градови ретко знаат да го направат.
За оние што бараат адреналин, висечкиот мост Капилано на 9 километри од градот се протега 137 метри над вековна шума, додека планините Граус и скијачкиот центар Вислер се на само два часа возење. Ванкувер не е евтина дестинација и не е близу – но е од оние места што објаснуваат зошто некои луѓе еднаш отидат и никогаш повеќе не гледаат на својот град на ист начин. Понекогаш филмската кулиса е поубава од самиот филм.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Шпанскиот актер Дани Ровира ги нарече „убаво, диво и прочистувачко место“. Пред да тргнеш, добро е да знаеш дека се...
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.