Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Јавното претпријатие „Паркови и зеленило” им апелира на скопјани да не паркираат под дрвја поради најавеното нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Совет разумен – но во него се крие и една непријатна вистина: три дена по последното невреме, паднатите дрвја и гранки од претходната бура сè уште не се расчистени.
Апелот доаѓа откако Управата за хидрометеоролошки работи најави нова доза лошо време. Од претпријатието повикуваат граѓаните да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација и веднаш да пријавуваат паднати дрвја или друга опасност на бројот 112. Потсетуваме – последното невреме донесе ветер со брзина од над 130 километри на час, што нанесе сериозна штета на дрвјата низ градот.
И тука е проблемот. Додека надлежните советуваат каде да не се паркира за да не падне дрво врз автомобилот, дел од дрвјата што веќе паднале лежат по тротоарите и патеките. На места, минувачите се принудени да излезат на коловоз за да ги заобиколат скршените гранки. Собрани на купчиња на тревниците, но со денови без екипа што ќе ги однесе.
Апелот граѓаните да бидат внимателни е на место. Но внимателноста на возачите не е замена за расчистување. Ако нов ветер удри врз веќе оштетените дрвја пред старите гранки да се отстранат, штетата само ќе се удвои. Прашањето за граѓаните е едноставно: додека нам ни велат да не паркираме под дрвја, кога надлежните ќе ги отстранат оние што веќе паднале?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.