„Стив Наумов“ реновиран за околу 10 милиони евра: месец подоцна вода низ ѕидовите, а МОН ги брои влажните марамици
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
24.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
24.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Луксембург: 2.771 евро минимална бруто-плата. Македонија: 624 евра. Тоа е разлика од повеќе од четири и пол пати за најниската плата што законот ја дозволува во една европска држава.
Според статистиката на Евростат за втората половина на 2026 година, зад Луксембург следуваат Ирска со 2.391 евро, Германија со 2.343, Холандија со 2.338 и Белгија со 2.234 евра. Во 15 европски земји минималната бруто-плата е под 1.000 евра.
Во регионот сликата е поболна затоа што е поблиску. Србија има минимална бруто-плата од 743 евра. Црна Гора 670. Македонија 624 евра, односно околу 421 евро нето. Со тоа земјава е зад двете соседни држави според номиналниот износ.
Од март 2026 година минималната плата кај нас изнесува 38.507 денари бруто. Македонија е меѓу земјите со најголем раст на минималната плата во Европа во периодот од јануари до јули – зголемување од 6,9 отсто. Од 29 европски земји, само осум ја зголемиле минималната плата во тој период.
Растот е реален. Проблемот е што е тргнат од многу ниска почетна точка. Шест и девет отсто раст врз 624 евра е нешто сосема друго од шест и девет отсто врз 2.343 евра. Процентите звучат храбро во соопштение; во продавница се пресметуваат во денари.
А колку денари се потребни? Според Сојузот на синдикатите на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница во април 2026 година достигна 68.797 денари, од кои само храната и пијалоците изнесуваат 26.085 денари. Минималната плата е 38.507 денари.
Тоа значи дека човек со минимална плата покрива нешто повеќе од половина од кошницата што синдикатот ја смета за минимум за живот. Просечната бруто-плата, што се користи како основа за пресметка на придонесите, во јануари изнесуваше 69.141 денар – речиси точно колку и кошницата.
Точно е дека споредбата на бруто-износи меѓу држави не ја покажува целата слика – даноците, придонесите и цените се различни насекаде. Но кога човекот со минимална плата не може да ја покрие ниту сопствената кошница на потрошувачка во сопствената држава, споредбата со Луксембург станува втора по важност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Летото дефицитот се зголеми со образложение дека ќе има повеќе инвестиции. Три месеци подоцна инвестициите се кратат, а дефицитот од...
Евростат ги објави бројките: Словачка е најрамномерна, Бугарија најнееднаква. Македонија е на средина - но со податоци од 2024 година.
Индексот на активност падна на 51,9 поени, инфлацијата стигна до 3,8 отсто, а „брент“ до 114 долари за барел. Европа...
Откако еден нивен модел во септември сам се пробил на интернет, OpenAI ги затвора најмоќните модели во копија од мрежата....
Државата не дава само пари, туку зема и удел - за електроника што треба да ја преживее плазмата. Фузијата уште...
Седум дена за скенирање, па година дена без семеен план. Spotify го нарекува рутинско подобрување, а за оние што делат...
Фондот вели дека податоците не биле компромитирани и дека хаосот е наследен. Ревизорите велат дека немало ни план што се...
Пензиите и социјалата добиваат повеќе, патиштата и пругите помалку. Власта вели дека тендерите не успеале, а парите од акцизите на...
Вицепремиерот ги наброи делниците, брзите пруги и 4 милиони патници на аеродромите. Рокови не наброи, а 750 милиони евра од...
Два критични пропуста во PHP, откриени со помош на вештачка интелигенција, ги натераа Финска, Холандија и британските институции да гасат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.