ЕВРОПА ГАЛОПИРА КОН ЈУГОСЛОВЕНСКО СЦЕНАРИО – ДАЛИ ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА?
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
19.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Може ли Скопје да се соочи со пазар на 110.000 станови што чекаат иден сопственик, додека илјадници семејства не можат да си дозволат покрив над главата?
Според изјавата што му се припишува на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, во Скопје има дури 70.000 непродадени станови, чија вредност се проценува на повеќе од една милијарда евра.
Доколку оваа бројка е точна, станува збор за огромен станбен фонд кој отвора сериозни прашања за состојбата на пазарот на недвижности.
Ако на споменатите 70.000 станови им се додаде нашата работна претпоставка дека најмалку 20.000 нови станови се во различни фази на изградба, доаѓаме до потенцијален фонд од 90.000 станови.
Во меѓувреме, во скопските општини се водат постапки за нови и изменети детални урбанистички планови. Во досегашното истражување идентификувавме најмалку 12 плански опфати за кои се објавени постапки или плански програми.
Овие планови би можеле да овозможат дополнителна станбена изградба. Доколку, хипотетички, во иднина овозможат уште 20.000 станови, потенцијалната бројка би достигнала 110.000 станови.
Ова не е потврден број на непродадени станови, туку сценарио што ја илустрира големината на можната понуда. Не е утврдено ниту дали сите 12 планови предвидуваат дополнителни станбени капацитети.
Во услови на високи цени на недвижностите, Народната банка воведе мерки со кои се прави разлика меѓу граѓаните што го купуваат својот прв дом и оние што купуваат втор или трет стан.
Од декември 2025 година, за купување прво живеалиште е овозможено сопственото учество да изнесува 10%, со цел полесен пристап до станбен кредит.
Од друга страна, условите за купување дополнителни недвижности се заострени.
Со најновите измени, кои треба да стапат во сила на 1 декември 2026 година, максималниот рок за отплата на кредитите за втор и следен стан се намалува од 30 на 25 години, додека за купување прво живеалиште останува можноста за отплата до 30 години.
Овие мерки покажуваат дека централната банка настојува да го олесни пристапот до прв дом, но истовремено да го ограничи ризикот од прекумерно задолжување и инвестициско купување недвижности со кредити.
Според Пописот од 2021 година, во градот Скопје имало 59.300 ненаселени станови.
СТАНБЕНИОТ БАЛОН ВО СКОПЈЕ – РИЗИК И ЗА ГРАДЕЖНИШТВОТО И ЗА БАНКИТЕ!
Голем дел од станбената изградба во Скопје се финансира преку кредити, позајмици и капитал што треба да се врати преку продажба на становите. Но што ќе се случи ако продажбата забави, цените почнат да паѓаат, а кредитните обврски продолжат да пристигнуваат?
Првиот посериозен потрес на финансискиот пазар може да предизвика домино-ефект: инвеститорите да останат без ликвидност, градежните компании без нови проекти, добавувачите без наплата, а банките со зголемен број проблематични кредити.
Тогаш кризата нема да остане само на пазарот на недвижности. Таа може да ја погоди целокупната градежна оператива и да се прелее во банкарскиот сектор.
Прашањето повеќе не е само колку станови ќе се изградат, туку колку долго пазарот може да го издржи темпото на изградба и задолжување.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Европа се соочува со сè подлабока социјална криза. Континентот што со децении беше симбол на економска стабилност, социјална сигурност и...
Светот веќе ја плаќа цената на војната со Иран, а најстрашното е што економските последици можеби допрва доаѓаат. Додека милијарди...
Државата нема доволно дози, судии, ниту пари за кирија на Народниот правобранител, а ребалансот ги сече и капиталните инвестиции. Најголемата...
ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека за две години владеење вратила 2,31 милијарди евра долг. Но, според податоците за јавниот долг, Македонија...
Полицаец што наплатил 45 евра наместо 600, општина што блокира сметки додека самата е кај извршители, суд што одлучува откако...
Апарати од 9,7 милиони евра во магацин, 100 нови амбулантни возила со недостиг од возачи, 200 камери што чекаат дозвола....
Полицијата не е надлежна за глутницата, цената на дизелот се менува точно на полноќ, а Собранието по скратена постапка пишува...
Денот го обележа човек што со години бараше одговори од здравството. Остатокот од денот беше натпревар во бројки: секој ја...
БУГАРИЈА БИЛА ОБВРЗАНА ДА ПЛАТИ 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВОЕНИ РЕПАРАЦИИ НА ЈУГОСЛАВИЈА – ДОЛГОТ БИЛ ПРОСТЕН, НО ДАЛИ Е ПРОСТЕНА...
Во 1946 година, на пописот во Пиринска Македонија, според историски истражувања, биле евидентирани 160.651 Македонци, односно 63,6% од населението. Во...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.