Ливчињата ги пишувала мајката, ДНК на фолиите е на судијата: кој ги заѕидал 350.000 евра во Неготино?
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
19.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Податоците за пензиите и инвалидските права на граѓаните ги чува сектор во кој работат 17 луѓе на 57 систематизирани места. Во одделението за ИТ инфраструктура и поддршка од 13 позиции е пополнета една. Вработен задолжен за информациска безбедност – нема ниту еден. Тоа е сликата што Државниот завод за ревизија ја објави за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Ревизорите нашле сервери и работни станици со оперативни системи за кои производителот веќе не дава поддршка, компјутери без ажурирана антивирусна заштита и безбедносни надградби кои не се ажурирани од 2023 година. Нашле и слабости во управувањето со корисничките пристапи и мрежната заштита. Фондот немал одобрени планови за континуитет во работењето и обновување по катастрофи – со други зборови, план што кажува што се прави ако падне серверот или ако некој ги заклучи базите.
Ранливостите на мрежната опрема биле идентификувани уште во 2024 година, но во периодот на ревизијата мерки не биле преземени. Последната обука за ИТ вештини била во 2022 година, а планираните обуки за 2024 и 2025 не се одржале. За ИТ набавки во 2024 година биле потрошени 12,39 милиони денари, односно 2,04 отсто од расходите на Фондот без социјалните бенефиции. Дата-центар, дисковен систем и оптички преклопници не биле набавени – поради недостиг на пари.
Одговорот од ПИОМ стигна брзо и во познат тон. Фондот вели дека станува збор за состојби наследени од периодот пред септември 2024 година, од „недомаќинско, неодговорно и занемарено управување“, и дека новото раководство веќе ги решило повеќето проблеми: воведени решенија за откривање закани, сегментирана мрежа, резервна инфраструктура на посебна локација, над 100 заменети работни станици и нов стручен кадар. И најважно: „Немало и нема компромитирање на Вашите податоци.“
Можеби. Но тоа што никој не провалил не значи дека вратата била заклучена. Ревизијата не мери дали имало напад, туку дали Фондот бил подготвен за него – и одговорот е дека не бил. А рефренот за затечениот хаос од претходниците е познат кај секоја нова власт. Колку од наодите се навистина затворени, ќе покаже само следната ревизија, не соопштението.
ПИОМ не е изолиран случај. Претходни ревизии откриле слични ризици во „Мој термин“, во дигитализацијата на матичните книги, во системот за финансиско управување што го користат 40 јавни институции и во размената на податоци преку Централниот регистар на население. Граѓанинот не може да избере друг пензиски фонд или друга матична евиденција. Податоците мора да ѝ ги даде на државата. Тогаш државата барем би требало да има комплетен тим што ги чува, а не 17 луѓе на 57 места.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пензиите и социјалата добиваат повеќе, патиштата и пругите помалку. Власта вели дека тендерите не успеале, а парите од акцизите на...
Вицепремиерот ги наброи делниците, брзите пруги и 4 милиони патници на аеродромите. Рокови не наброи, а 750 милиони евра од...
Два критични пропуста во PHP, откриени со помош на вештачка интелигенција, ги натераа Финска, Холандија и британските институции да гасат...
Компанијата веќе зборува за „медицинска суперинтелигенција“. Бројките се од симулација, најголемиот дел од напредокот го носат моделите на OpenAI, а...
Над 80 проценти од работните кучиња на американската војска доаѓаат од Европа, а помалку од половина се способни за служба....
Pony.ai ги дава возилата, Nvidia чиповите, а Казахстан снегот и мразот. Роботаксито веќе не е приказна само за САД и...
Приход од 3,39 наместо 1,88 милијарди денари, за 5,68 наместо 6,24 милијарди киловат-часови. Сметката би можела да порасне 4 до...
Дете од четири години со милионски доход од банкарска дивиденда, годишна плата од 2,2 милиони евра во рударството и Гевгеличанец...
Станбените кредити скокнаа 16,1 отсто за година, а минусите на тековните сметки 5,8 отсто само за еден месец. Народната банка...
Приходите пораснаа 26 проценти, трошоците 68. Решението е нова класа акции: инвеститорите внесуваат пари, а структурата „предводена од основачот“ останува...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.