Пуштен по 3,23 промили, 29 часа подоцна повторно зад воланот со 3,50: Битолчанец дури тогаш заврши во притвор
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Европратеникот Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија, на седницата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија посветена на животната средина имаше порака што повеќе звучи како туристички совет отколку како извештај: земјата има што да покаже, само светот не знае за тоа.
Вајц кажа дека бил на Пелистер, Галичица, Маврово и Шара и оцени дека Македонија има предуслови за развој на природниот туризам. „Рекламирајте се, покажете му на светот какви убавини имате“, порача тој, посочувајќи ги Црна Гора и Албанија како примери за земји што во последните години го развиваат природниот туризам.
Според него, заштитата на природата и економскиот развој не мора да бидат спротивставени цели. Природното богатство треба да се зачува за идните генерации, но и внимателно да се претвори во можност за локалните средини. Во истиот дух се осврна и на рударството: современите економии имаат потреба од суровини, но при нивната експлоатација треба да се внимава што се добива, а што се губи.
Во говорот имаше и потемна страна. Вајц ги спомна отпадот, отпадните води и загадувањето на воздухот. Тие теми сè уште се актуелни во Скопје и Тетово, но, како што рече, не се проблем само на Македонија, туку на целиот регион. Предупреди и дека климатските промени веќе не се далечен проблем. Топлотните бранови, сушите и пожарите се појавуваат и во делови од Европа каде што порано не биле вообичаени, а светот ќе мора да се навикне на уште пожешки лета.
Од домашна страна, пратеничката Драгана Арсова ги изнесе бројките за напредокот. Мрежата за мерење на квалитетот на воздухот годинава е проширена со станица во Штип, со што автоматските мерни станици се 23. Се подготвува нов Закон за природа, идентификувани се 24 потенцијални подрачја за идната мрежа „Натура 2000“, кои опфаќаат околу 12% од територијата, а Владата го усвои Предлог-законот за климатска акција.
Истовремено, по социјалните мрежи деновиве кружеа снимки од непочитување на животната средина, со казни што, и таму каде што се изречени, биле минимални. Пелистер и Маврово може да се рекламираат на секој туристички саем во Европа. Но дали туристот што ќе тргне кон нив ќе ги види и дивите депонии покрај патот, и дали прво ќе исчистиме, па потоа ќе рекламираме?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот вели дека ургенциите престанале по неговата „бурна реакција“. Доказот за тоа засега е само неговиот збор, а полициските возила...
Конкурс во 2020, „завршена прва фаза“ во 2024, обраснати патеки во 2025. Во ноември 2026 градот повторно ветува дека паркот...
Парно, печки на дрва, електрични автобуси, контрола на индустријата. Мерките ги знаеме напамет од секој претходен план. Новото е катастарот...
Првиот контејнер стои пред „Коле Неделковски“. Ако децата научат да ја одвојуваат облеката, можеби ќе ги научат и родителите.
Долгови од 2007 година, камати до 100 отсто и сметка што не се одблокира. Градоначалникот се фали со успеси, опозицијата...
Од 2014 година се затворени 35 радиостаници, а од 19 весници и списанија, 16 излегуваат во Скопје. Кога во речиси...
Воздухот во Скопје секоја година ги пробива дозволените нивоа, иако загадувањето за десет години се намалило за 40 до 50...
Камери во полициските возила, на црните точки и во уште три града. Речиси шест од десет снимени прекршоци се на...
Хлорот ќе ги убие бактериите, но нема да одговори како стигнале до чешмите - ниту колку долго жителите ја пиеле...
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.