Снајпер, автомати и знаме на ИСИС од 12 локации во Скопје: АНБ зборува за радикални имами и регрутирање млади
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Норвешка доби нова кралица, а таа сè уште не се појавила сама ниту на еден официјален настан. Во јуни дворот соопшти дека Мете-Марит поминала низ трансплантација на бел дроб. Неколку недели подоцна круната падна на нејзината глава – побрзо отколку што некој очекуваше, и многу пред телото да заздрави. Последиците беа видливи за сите: ја немаше на мисата за починатиот крал, ја немаше ни на заклетвата на сопругот, новиот крал Хокон.
Болеста не е нова. Белодробната фиброза ѝ е дијагностицирана уште во 2018 година, а дворот со години за неа зборуваше внимателно, со мерени реченици. Сега, без официјално соопштение, проговорија лекарите – и кажаа повеќе отколку што палатата била подготвена да каже.
Д-р Јеспер Магнусон, шведскиот специјалист што го води одделот за трансплантација на бели дробови во Универзитетската болница Салгренска во Гетеборг, за норвешката телевизија TV 2 беше директен: „Целта е пациентите да живеат многу подобро отколку додека ја имале белодробната болест, но нивниот живот никогаш нема да биде ист како пред болеста.“
Во превод: строга дисциплина со лековите до крајот на животот, редовна физичка активност и постојан медицински надзор. И уште нешто што свечените фотографии не го покажуваат – лековите по трансплантација трајно го ослабуваат имунолошкиот систем. За жена чија работа по дефиниција е да стои меѓу толпи и да се ракува со луѓе, секој преполн прием станува ризик по здравјето.
Во меѓувреме, празнината веќе се пополнува. Принцезата Ингрид е сè почесто во јавноста, со темпо што речиси не запира. Монархиите не трпат празно место во кадарот: кога едно лице отсуствува, камерите брзо наоѓаат друго.
Данскиот пулмолог Михаел Перх, главен лекар во копенхашката болница Ригсхоспиталет, за норвешкиот научен портал forskning изјави дека е сосема замисливо кралицата да го задржи поранешниот јавен профил. Палатата, пак, ја повторува истата реченица: Мете-Марит нема официјални обврски во агендата за наредните шест месеци.
Останува прашањето што никој во Осло не го кажува гласно: колку долго една кралица може да биде кралица само на хартија? Одговорот, засега, не го знае ниту самата палата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Малата грутка што ја напипал во април заврши со операција од шест часа и две серии хемотерапија. На лекар отишол...
Дневен хороскоп - 30.09.2026
Бебето дошло на свет околу американскиот Ден на трудот, а родителите почекале три недели пред да ја покажат првата семејна...
Дневен хороскоп - 29.09.2026
Десет години реновирање и 480 милиони евра, а најзанимливото во палатата не висело на ѕидовите. Лежело под нозете на послугата.
Во индустрија што обожава дваесетгодишници, наградата за уметник на годината отиде кај жена родена во 1958 година.
Дневен хороскоп - 28.09.2026
Офицер од Сандхерст, пилот, археолог - и до неодамна речиси невидлива. Дворот во Аман очигледно одлучи дека е време принцезата...
„Премногу се забавувам“, ѝ одговорил кога го прашала дали е време да се повлече. Пет години подоцна дојде разводот -...
Дневен хороскоп - 27.09.2026
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.