Снајпер, автомати и знаме на ИСИС од 12 локации во Скопје: АНБ зборува за радикални имами и регрутирање млади
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
29.09.2026
28.09.2026
27.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Се вели дека Клеопатра била опседната со смарагди. Толку многу што древните египетски рудници со векови подоцна народот ги викал „рудниците на Клеопатра“. Но последната фараонка од династијата на Птоломеите не била единствената. Низ вековите смарагдите поминале низ рацете на императори, махараџи, аристократи и некои од најелегантните невести во светот – а со нив се натрупале и легенди за љубовта, верноста и, чудно, за изневерата.
Во средниот век се верувало дека смарагдот може да ја предвиди иднината, да штити од клетви, па дури и да открие дали љубовникот лаже. Каменот наводно ја губел бојата или пукал кога некој ќе изневери. Детектор за неверство, многу пред телефоните и социјалните мрежи да ја преземат таа улога. Иронијата е во тоа што истиот тој камен подоцна стана главен лик во некои од најголемите љубовни изјави на минатиот век.
167 карати свадбен подарок
Во 1931 година американскиот магнат Кларенс Мекеј избрал смарагд за еден од најспектакуларните свадбени подароци воопшто – за оперската пејачка Ана Кејс. Според книгата на Франческа Картие за семејството златари, куќата Cartier изработила ѓердан во стилот ар деко, со колумбиски смарагд од 167,97 карати во центарот, опкружен со уште 35 смарагди и 2.191 дијамант. Ѓерданот денес е во сопственост на институтот Смитсонијан, а централниот камен е најголемиот брусен смарагд во неговата колекција.
Смарагди има и во една од најконтроверзните љубовни приказни на 20 век. Едвард Осми ѝ подарувал на Волис Симпсон крстчиња што на крајот формирале нараквица, повторно од Cartier, полна со лични пораки. Секое крстче означувало момент од нивната врска, а едно, целото од смарагди, ја одбележувало свадбата во 1937 година. Нараквицата со девет крстчиња е продадена на аукција во 2010 година. Накит што служел како таен дневник на еден пар – и на една абдикација.
Смарагдите одамна привлекувале внимание и надвор од Европа, особено во Индија. Махараџата на Капуртала во 1926 година нарачал кај Cartier украс за турбан од смарагди, дијаманти и бисери од сопствената ризница.
Прстенот на Џеки
Кога Џон Ф. Кенеди и Жаклин Бувие ја објавиле веридбата во 1953 година, прстенот бил далеку од класичниот солитер. Тоа била изработка на Van Cleef & Arpels во стилот toi et moi – „ти и јас“ – во кој два камена стојат на истиот прстен: дијамант од 2,88 карати и смарагд од 2,84 карати, дополнети со помали камења. Интересно, прстенот во бутикот на Петтата авенија во Њујорк не го избрал младоженецот, туку неговиот татко, Џозеф Кенеди.
Џеки сепак го направила свој. Во 1962 година ги заменила издолжените багет-дијаманти со дијаманти во форма на маркиза и создала речиси растителна композиција, која денес веднаш се препознава. За тоа време бојата речиси не постоела во вереничките прстени, а нејзиниот избор децении подоцна ги инспирирал прстените на ѕвезди многу подалечни од класичната слика на првата дама.
Клеопатра, втор пат
Неколку години подоцна Елизабет Тејлор и Ричард Бартон се заљубиле на снимањето на филмот „Клеопатра“, а накитот брзо станал нивниот таен јазик. Бартон ѝ подарил за веридбата брош од Bvlgari со смарагд од 23,44 карати, што можел да се носи и како приврзок. Тејлор го носела на свадбата во 1964 година, на вратот од својот нетипичен жолт венчален фустан. Подоцна дошле и други смарагди, меѓу нив и раскошен ѓердан од истата италијанска куќа.
Не бил веренички прстен како оној на Џеки, но приказната можеби е подобра: актерката што ја играше Клеопатра заврши со истата страст за истиот камен како египетската кралица. Камен што наводно ги откривал лажговците, на крајот ги украсил најславните бракови – од кои дел, како што знаеме, не траеле засекогаш.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Постариот човек со бројаница пред кафеаната и париската писта имаат повеќе заедничко отколку што мислите. Колекцијата за пролет/лето 2027 тврди...
Кадрицата не е грешка што треба да се исправи, туку тип коса што е сув по природа. Пет чекори од...
Бела Рубикова коцка во поканата, лицето на Џорџо Армани на една од облеките и осумдесеттите во секој крој. Куќата го...
Зад машкото „ми е сеедно“ понекогаш стои многу повеќе. А дерматолозите додаваат: 50 до 100 влакна дневно е нормално, и...
Мала торта само за двајцата, рецептот на баба ѝ на менито и танц бос, без протокол. Свадба на ѕвезда што...
Златниот вез, ѕвездата на Редот на слонот и сината лента на данската кралица не се модни детали. Секој од нив...
Машината забележува промени, но не поставува дијагноза. Затоа прегледот што ја фотографира секоја бенка не е за сите - и...
Пет години веридба завршија во атинската катедрала, со фустан на кој рачно се пришиени над половина милион кристали. Грција е...
Со векови чевелот покажуваше кој не мора да оди пеш. Денес една кралица во рамни патики со широк врв поставува...
Холивудската ѕвезда има аларм за одење на спиење и спална не потопла од 24 степени. Експертите за кожа ја потврдуваат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.