Ливчињата ги пишувала мајката, ДНК на фолиите е на судијата: кој ги заѕидал 350.000 евра во Неготино?
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
19.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Дел од пропустите стоеле во кодот на PHP повеќе од десет години, пред очите на програмерите, и никој не ги препознал колку се опасни. Требаше вештачка интелигенција за да ги најде. Сега влади низ Европа гасат делови од своите сајтови, а Фондацијата Викимедија, која ја води Википедија, исклучи низа помошни сервиси.
Повеќето луѓе за PHP никогаш не слушнале, но секој ден го користат. На него работат портали, онлајн-продавници, државни страници и системи како WordPress, врз кој се изградени милиони сајтови. Според податоците што се цитираат, речиси 70 проценти од веб-страниците чиј програмски јазик е познат користат PHP. Тоа не значи дека 70 проценти од интернетот е хакиран. Значи дека проблемот е во технологија што ја има насекаде.
Пропустите се опасни од едноставна причина: во одредени услови напаѓач може да изврши свои наредби на ранливиот сервер без корисничко име и лозинка. Тоа отвора пат до крадење чувствителни податоци и менување на содржината на сајтот. Вториот пропуст може да открие делови од податоците што серверот ги чува во меморијата.
Од Финска до Оксфорд
Финска превентивно исклучи дел од јавните интернет-услуги, а слични мерки презедоа и институции во Холандија. Во Велика Британија најмалку 32 владини услуги сè уште се недостапни, а уште четири работат со потешкотии. Привремено паднаа и сајтовите на дел од локалните власти, меѓу кои Единбург и Оксфорд, како и делови од онлајн-услугите на Би-Би-Си. Британските власти тврдат дека клучните јавни услуги не се загрозени. Гаснењето не значи дека овие институции се хакирани. Тоа е мерка на претпазливост.
Полошата вест е хронологијата. Amazon Web Services забележал обиди за искористување на ранливоста уште на 17 октомври, четири дена пред јавното објавување на безбедносните закрпи. Тоа значи дека некој знаел за дупките пред да дознаат администраторите. Колку долго знаел и дали веќе успеал некаде да влезе, засега никој не може да потврди.
Нож со две острици
Во откривањето учествувале експерти од повеќе компании, со помош на моделите за вештачка интелигенција на Google и OpenAI. Тоа е добрата половина од приказната. Лошата е што алатката која им помага на бранителите побрзо да ги најдат и закрпат дупките, исто толку брзо им помага и на напаѓачите да ги искористат. Трката веќе не се мери во месеци, туку во денови.
Обичните корисници што само сурфаат не се директно загрозени. Проблемот е на серверите, а закрпите треба да ги инсталираат сопствениците на сајтовите и нивните хостинг-провајдери. Вистинската опасност за граѓаните се лажните пораки што ќе се обидат да го искористат стравот за да крадат лозинки. Хрватскиот национален CERT веќе издаде итно предупредување до администраторите. Дали некој во македонските институции веќе ги провери своите сервери, и дали воопшто ќе дознаеме ако не ги провери?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанијата веќе зборува за „медицинска суперинтелигенција“. Бројките се од симулација, најголемиот дел од напредокот го носат моделите на OpenAI, а...
Pony.ai ги дава возилата, Nvidia чиповите, а Казахстан снегот и мразот. Роботаксито веќе не е приказна само за САД и...
Приходите пораснаа 26 проценти, трошоците 68. Решението е нова класа акции: инвеститорите внесуваат пари, а структурата „предводена од основачот“ останува...
Платиш такса за чистење, па на заминување добиеш список задачи. За резервациите од 20 ноември тоа завршува, а дел од...
Компанијата што продава вештачка интелигенција сега го нуди и законот што би ја контролирал. Проверувачите би ги плаќале самите лаборатории...
TikTok не спроведувал анкети за возраста на корисниците, од страв дека резултатите ќе мора да ги покаже на американскиот регулатор....
Nvidia не победи само со чипови, туку со софтверот околу нив. Amazon сега го напаѓа токму тој ѕид и вели...
Apple вели дека лани прегледот во App Store запрел над 150.000 апликации. Како тогаш низ истата врата поминаа апликации за...
Компанијата што ја продава автоматизацијата ги објави бројките за сопствените вработени: почетниците исчезнуваат, а искусните ја чуваат машината и седат...
Жената што го излажа Силикон Вали со крвни тестови што не работеа сега полни кина. Филмот за Маск, во меѓувреме,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.