Ливчињата ги пишувала мајката, ДНК на фолиите е на судијата: кој ги заѕидал 350.000 евра во Неготино?
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
23.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
19.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
„Буџетот не е догма. Буџетот е инструмент за управување со реалноста“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, бранејќи го вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Реалноста, судејќи по бројките, гласи вака: пред крајот на годината државата повторно ја прекројува касата, а меѓу ставките што се сечат повторно се најдоа капиталните инвестиции.
Со предлогот, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари – околу 5,3 милијарди помалку од претходната проекција – а расходите се намалуваат исто толку, на 420,5 милијарди. Дефицитот останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 отсто од БДП. Власта нагласува дека не расте во однос на јулскиот ребаланс. Не нагласува толку гласно дека е повисок од првично планираниот за 2026 година.
Најголема дупка на приходната страна се акцизите, кои паѓаат од 34,1 на 30,4 милијарди денари поради намалувањето на акцизите на горивата. Тоа беше мерка за ублажување на ценовниот удар од нафтената криза, и сега се плаќа од буџетот.
Каде одат парите
Социјалните трансфери растат за околу 3,65 милијарди денари и стигнуваат до 212 милијарди. Од дополнителните пари, 1,44 милијарди одат за социјални надоместоци, 1,34 милијарди за пензии и околу 887 милиони за здравствена заштита. „Пензијата не е милостина. Таа е право“, порача Стојаноски. Тешко некој ќе се спротивстави на тоа.
Но парите од некаде мора да дојдат. Капиталните расходи се намалуваат за околу 5,7 милијарди денари во однос на претходниот ребаланс и се планираат на 40,12 милијарди. Објаснувањето е дека дел од проектите нема да можат да се реализираат до крајот на годината, меѓу другото поради неуспешни тендери, а дел од корекциите се заштеди кај плаќањето на гасот. До септември за капитални инвестиции биле потрошени 25,3 милијарди денари – 23,9 отсто повеќе од лани, но сепак далеку од планираното.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги брани корекциите како „одговорен пристап во услови на неизвесност“ и вели дека развојните приоритети остануваат: коридорите 8 и 10д, патот Скопје-Блаце, железничките делници кон Бугарија и Србија, водоводи и канализации. Проекцијата за раст за 2026 година се задржува на 3,5 отсто.
За ребалансот се поднесени повеќе од 120 амандмани, а расправата во собраниската комисија трае најмногу 10 дена. Прашањето што ќе остане по гласањето е старо колку и самите буџети: ако капиталните инвестиции се кратат затоа што тендерите не успеале, дали проблемот е во парите – или во државата што не знае да ги потроши на она што го ветила?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Фондот вели дека податоците не биле компромитирани и дека хаосот е наследен. Ревизорите велат дека немало ни план што се...
Вицепремиерот ги наброи делниците, брзите пруги и 4 милиони патници на аеродромите. Рокови не наброи, а 750 милиони евра од...
Два критични пропуста во PHP, откриени со помош на вештачка интелигенција, ги натераа Финска, Холандија и британските институции да гасат...
Компанијата веќе зборува за „медицинска суперинтелигенција“. Бројките се од симулација, најголемиот дел од напредокот го носат моделите на OpenAI, а...
Над 80 проценти од работните кучиња на американската војска доаѓаат од Европа, а помалку од половина се способни за служба....
Pony.ai ги дава возилата, Nvidia чиповите, а Казахстан снегот и мразот. Роботаксито веќе не е приказна само за САД и...
Приход од 3,39 наместо 1,88 милијарди денари, за 5,68 наместо 6,24 милијарди киловат-часови. Сметката би можела да порасне 4 до...
Дете од четири години со милионски доход од банкарска дивиденда, годишна плата од 2,2 милиони евра во рударството и Гевгеличанец...
Станбените кредити скокнаа 16,1 отсто за година, а минусите на тековните сметки 5,8 отсто само за еден месец. Народната банка...
Приходите пораснаа 26 проценти, трошоците 68. Решението е нова класа акции: инвеститорите внесуваат пари, а структурата „предводена од основачот“ останува...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.