Боговиње: 16-годишник „од невнимание“ рани 15-годишник со пиштол – а од каде му е оружјето?
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кој го победи Вучиќ? Не друга партија, не позната опозициска фигура, не некој што чекал ред на власт. Го победи листа составена од лекари, професори, актери, спортисти и еден инженер, која пред две години не постоеше. И токму тоа е нејзината најголема сила, но и најголемиот ризик.
Студентската листа израсна од протестите по паѓањето на надстрешницата во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 луѓе. Формално е основана во септември од 14 луѓе, повеќето универзитетски професори. Собра над 70.000 потписи за поддршка и на 14 септември ја предаде кандидатурата во Републичката изборна комисија. Според проекциите, освои 52,9 отсто и 140 од 250 пратенички места.
Носителот не е автоматски премиер
На чело на листата е Илија Срдановиќ, кардиолог и професор на Медицинскиот факултет во Нови Сад. Не е професионален политичар и, што е важно, местото на врвот на листата не значи автоматски и премиерска фотелја. Кој ќе ја води владата, сè уште не е кажано. Втора на листата е лекарката Катарина Станковиќ, трет е драматургот Жељко Хубач, познат по телевизиски серии и театар, а четврт хирургот Александар Цветковиќ. Актерот Тихомир Станиќ е осми.
Бодирога, гувернер и фармер против литиумот
На 24. место е Дејан Бодирога, двократен светски и трократен европски шампион со Југославија и претседател на Евролигата. На 27. место е економистот Дејан Шошкиќ, гувернер на Народната банка на Србија од 2010 до 2012 година. Социологот Јово Бакиќ, долгогодишен критичар на Вучиќ, е на 76. место. На листата се и поранешниот атлетски репрезентативец Михаил Дудаш, поранешниот фудбалер Мирко Поледица, адвокатот Феѓа Димовиќ од групата „Београдски синдикат“, психологот Александар Бауцал и ректорката на Универзитетот на уметностите Мирјана Николиќ.
Двајца се посебна приказна. Златко Кокановиќ е земјоделец и едно од најгласните лица против проектот „Јадар“ за ископ на литиум, зад кој стои Рио Тинто. Зоран Ѓајиќ е инженер кој работел на станицата во Нови Сад и јавно укажувал на неправилности при нејзината реконструкција. Човекот што предупредуваше пред надстрешницата да падне сега е на листата што ја собори власта. Дали има посилна слика за тоа како завршува системот што не сака да слуша?
Програма од 11 точки, засега само на хартија
Програмата има 11 точки во три дела: борба против корупцијата, независни институции и одговорност на функционерите. Меѓу предлозите се посебна обвинителска полиција, ревизија на Министерството за внатрешни работи, проверка на имотот на функционерите, лустрација, бесплатни учебници и поевтини лекови. Сето тоа засега се ветувања што зависат од идната влада.
Листата нема еден доминантен лидер, а повеќето кандидати никогаш не седеле на висока државна функција. Во кампања тоа е предност: никој не може да ги обвини за минатото. Во власт, тоа станува тест. Колку движења на Балканот тргнаа од улицата со чисти раце, а завршија изгубени во министерските кабинети? Професорите сега треба да покажат дека се поинакви.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Полицијата што две години ги растураше протестите си замина под свиркање, а паркот на приврзаниците на Вучиќ изгоре. Кој ќе...
Човекот што ја водеше Србија повеќе од една деценија сам ги прочита бројките: околу 1,72 милиони гласа за неговата листа,...
Изборите ги изгуби, а една од првите пораки беше за Москва. Србија досега одбива санкции против Русија - Македонија ги...
Во Бијелина 1.543 наспроти 335, во Лопаре 533 наспроти 47. А самиот Вучиќ најави промени во односот кон Република Српска...
Од настрешницата што уби 16 луѓе во Нови Сад никна листа што може да го собори Вучиќ. Анкетите се поделени,...
Застрелан во својот дом, а осомничените се луѓе што го познавале. Од татамито, преку ноќните клубови, до Брисел - биографијата...
Ipsos ѝ дава 47,4 отсто на листата на Вучиќ и 40 отсто на студентите, а анкетата на НСПМ ги става...
Над 6,4 милиони гласачи одлучуваат на вонредните парламентарни избори, а последните 48 часа се трошат на пријави, соопштенија и бибер-спрејови....
Последниот студентски собир пред изборите во Србија ја наполни Славија и околните улици. Режимските медиуми гледаа на друга страна, а...
Грант за набљудување избори, даден на организација што набљудува избори, во Белград стана доказ за обид за рушење на власта....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.