Skip to content

Улица во Пинтија доби фекална канализација во 2026 година, а градоначалничката го слави исполнетото ветување

1 мин. читање
Сподели
Улица во Пинтија доби фекална канализација во 2026 година, а градоначалничката го слави исполнетото ветување

Општина Кисела Вода ја заврши изградбата на нов крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. Изведени се 320 метри мрежа и поставени се 15 нови ревизиони шахти, поврзани со постојната канализација на улицата. Проектот го финансирала Општината, а дел од материјалите ги обезбедило ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

„Конечно, ставаме крај на децениските маки“, порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која проектот го претстави како исполнето ветување: „Моето ветување до вас беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време – и денес тоа ветување е реалност!“

За жителите на „Саса“ ова е вистинска промена и тоа треба да се каже без иронија. Но зборот „децениски“ го изговори самата градоначалничка. Улица во главниот град чекала со децении на нешто што во 21 век е основа, а не луксуз – и сега 320 метри цевки се слават како инвестиција.

Ако една улица во Кисела Вода чекала толку долго, колку други скопски улици сè уште немаат фекална канализација? Тоа е бројка што би вредело да ја слушнеме од општините, со гордоста со која се сечат лентите.