Е-индексите на УГД пет години се „поправале“ за пари: притвор за двајца вработени
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Американците гласаа на 3 ноември и, според прелиминарните резултати, демократите ги освоија и Претставничкиот дом и Сенатот. Од јануари ги држат двата дома на законодавната власт. Таму тоа го викаат „син бран“, а бојата се разлеа и по места каде што со децении се гласаше само црвено.
Тексас и Канзас добија први демократски сенатори по повеќе децении – Џејмс Таларико и Адам Хамилтон. Таларико во Тексас го победи републиканскиот државен обвинител Кен Пакстон. Демократите зедоа сенаторски места и во Охајо, Ајова, Северна и Јужна Каролина, а гувернерските фотелји во Тексас, Џорџија и Охајо ги освоија Џина Хинохоса, Киша Ленс Ботомс и Ејми Ектон.
Излезните анкети на NBC ја кажуваат причината без многу толкување. Работата на Трамп ја одобруваат 38 отсто од гласачите, 62 отсто не ја одобруваат. Повеќе од три четвртини се незадоволни од Конгресот, а речиси половина рекле дека изборите ги виделе како шанса да го искажат незадоволството од претседателот. Според истите анкети, Трамп може да заврши со најнизок рејтинг што некој претседател го имал на меѓуизбори.
Неговиот одговор стигна уште во изборната ноќ: фотографија од капа на која пишува „Вето“. Тој рече дека ќе соработува со демократите, но и дека ќе стави вето на сè што ќе му испратат. „Мислам дека ќе соработуваме и ќе се сложуваме многу добро. Ако не биде така, ќе бидеме многу остри кон нив, а тие кон нас“, изјави Трамп. Едната рака подадена, во другата – стап.
Подоцна, во телефонско интервју за Wall Street Journal, призна дека војната со Иран, која ја започна претходно оваа година, била дел од поразот. „Иран беше дел од тоа“, рече, но веднаш додаде дека не се кае: „Не размислувам за тоа. Го направив вистинското нешто. Би го направил повторно.“ Најголемиот товар, според него, не била војната туку поскапената нафта. А главниот проблем? „Јас не бев на гласачкото ливче.“
Ова објаснување вреди да се прочита двапати. Партијата губи во Тексас, Канзас и Јужна Каролина, рејтингот паѓа во многу држави, а заклучокот е дека проблемот бил што самиот лидер не бил на листата. Трамп рече и дека не планира кадровски промени и застана зад министерот за одбрана Пит Хегсет, кој ги водеше воените напори: „Мислам дека е всушност одличен.“ За дел од загубените кандидати, некои и со негова поддршка, рече дека „можеле да бидат подобри“.
Од другата страна, лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, може да стане првиот Афроамериканец на чело на домот. Тој рече дека со победата „почнува големото американско враќање“, а демократите веќе најавија дека би можеле да отворат истраги за работата на Трамп, членовите на неговото семејство и администрацијата. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека „олеснувањето е на пат“.
Следат две години во кои Конгресот ќе истражува, а претседателот ќе става вето. Политичар што губи избори, а вината ја бара во тоа што го немало на листата – колку пати сме го слушнале истото објаснување на Балканот, само со други имиња?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Кога и најгласните републиканци признаваат дека партијата доживеала изумирање, поразот не е спин. Тексас падна, а пресудија цените на бензинот...
Трамп го повика руското гориво за да ги собори цените пред изборите. Изборите ги загуби, а танкерите сега бараат други...
Кога една казна истекува, се пишува нова. Лидерот на движењето на чадорите, во затвор од 23-годишна возраст, сега ќе излезе...
Стотици луѓе, полициски кордон и сепак човек од Хогвауд стигнал на чекор од кралот. Барал помош, бидејќи, според него, му...
Тексас по три децении, Канзас по 87 години, а 168 милиони долари од Маск отидоа во ветер. Две години по...
„Не бев на ливчето, а да бев, ќе победевме убедливо.“ Прво вето, потоа соработка, а одговорот за мандатот - за...
Полиција пред Уставниот суд, претседател што прекинува посета на Африка, премиер што вели дека ја враќа независноста на судот. Балканот...
Фрлено месо, празни ладилници, а напаѓачите не бараат пари. Ако некој може од далечина да ги расипе залихите во цела...
Кралот зборуваше за ужас и длабока лична тага пред лидерите на 56 земји. Зборот „извинете“ не го изговори, а за...
Администрацијата сакаше ливчињата на луѓе за кои тврди дека не се државјани да се стават настрана - судот одби по...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.