49 од 80 општини без свој локален медиум, а Крива Паланка, Ранковце, Демир Капија и Дебрца без никаква покриеност: кој ја следи локалната власт?
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
10.11.2026
10.11.2026
09.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Anthropic, компанијата што стои зад моделот Claude, ги објави условите за излегување на берза. Нуди 825 милиони акции по цена од 70 до 78 долари и очекува да собере меѓу 57,75 и 64,35 милијарди долари. Ако акциите тргнат по највисоката цена, целата компанија би вредела 1.404 милијарди долари – повеќе од 965-те милијарди при последното финансирање во мај, но далеку под 2.000 милијарди за кои пред неколку месеци се шпекулираше дека се целта.
Паралелно со берзата, компанијата приватно продава акции без право на глас во вредност од 26 милијарди долари, по истата цена како на берзата. Купувачи се AMD, Broadcom, Google, Micron, Microsoft, Nvidia и TSMC, а Google и Nvidia даваат по 10 милијарди. Со други зборови, компаниите од кои Anthropic купува чипови и облак сега стануваат и негови сопственици. Парите во оваа индустрија се вртат во круг. Вкупно, нето приливот би бил меѓу 84,6 и 93,7 милијарди долари.
Бројките во проспектот се уште поинтересни од цената. Годишниот приход по тековното темпо стигнал до 81 милијарда долари на крајот на октомври, десетина милијарди повеќе од месец порано. Само во третиот квартал приходот бил 17 милијарди. Но за првите девет месеци од годината компанијата прикажала нето загуба од 104 милијарди долари, а обврските за пресметувачка моќ и инфраструктура достигнале 900,9 милијарди. Во каса има речиси 132 милијарди. Брзо расте, уште побрзо троши.
Купувачите на берзата нема да добијат многу глас. Основачите имаат посебна класа акции со 50,1 отсто од гласовите, а посебен долгорочен фонд го бира мнозинството во одборот. Седуммина од основачите, меѓу кои извршниот директор Дарио Амодеи и претседателката Даниела Амодеи, продаваат по речиси 3,4 милиони акции – околу 250 милиони долари секој, по средната цена од 74 долари.
Тргувањето на Nasdaq се очекува околу 19 ноември, под ознаката „ANT“, а до 20 отсто од понудата е наменета за мали инвеститори. Една ситна измена во документот кажува многу за времето во кое живееме: компанијата на повеќе места го користи терминот „суперинтелигенција“ наместо „вештачка интелигенција“, повикувајќи се на септемвриската извршна наредба на Трамп со која државните служби мораат така да ја нарекуваат.
Ова е втората ВИ-компанија проценета на над илјада милијарди долари во само неколку дена: OpenAI минатата недела беше проценет на 1.250 милијарди, откако собра 11 милијарди – речиси половина од 20-те што ги бараше. Пазарот очигледно сè уште верува во приказната. Прашањето е колку долго ќе верува во компании што губат десетици милијарди годишно.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанијата што се спрема за берза досега изнајмуваше компјутерска моќ, а сега купува турбини што друга фирма не можеше да...
Милион луѓе го резервираа, околу 71.000 го купија. Камионетот што требаше да ја смени индустријата заминува тивко, а ветувањата за...
Кругот ќе заврши на околу 20 милијарди долари, третина помалку од планираното. Истовремено, проценката на Anthropic пред берзата се топи...
Брокман се пофали со раст на приходите од 70 проценти за една четвртина. Колку е тоа во пари, не кажа.
Meta не крие зошто нејзиниот ВИ-агент има мило лице и гестови: за луѓето да се чувствуваат поврзани со него. Прашањето...
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.