Осомничен дека ја давел партнерката им избегал на полицајците низ прозорец во Битола: таа е во шелтер, тој на слобода
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ застанал пред студентите на Факултетот за политички науки во Загреб и изговорил реченица што ретко се слуша преку границата: Србија, додека Александар Вучиќ беше на власт, растела колку Хрватска, ако не и малку побрзо. И тоа без европските пари на кои Загреб се потпира како членка на Унијата.
Бројките, според Милановиќ, се вакви. Хрватска во последните десетина години имала просечен годишен раст од околу 2,5 отсто – и тоа со сите вонредни фондови што ги повлекувала. „Да го немаше тој новец, таа бројка ќе беше уште помала“, рекол тој. Србија за тоа време имала просечен раст еднаков на хрватскиот или за една десетинка повисок, „без европски пари во позначајна мера, со нешто кинески и со многу помалку руски инвестиции“.
Една десетинка разлика не е никаква економска доминација – тоа е практично нерешено. Но нерешено меѓу земја што е во Унијата и ги користи нејзините фондови, и земја што со години чека пред вратата. Ова е реченица што повеќе треба да ја слушне Брисел отколку Белград. Ако европските пари не ја прават разликата во растот, што тогаш точно им се нуди на кандидатите?
Кога хрватски претседател јавно ги става српските бројки рамо до рамо со хрватските, тоа во регионот не минува незабележано. Самиот Милановиќ рекол дека станува збор за реални параметри и јасни факти, над кои треба да се замислат сите што одлучуваат во регионот.
Сите – значи и во Скопје. Македонија е кандидат за членство уште од 2005 година и живее меѓу европските ветувања и инвестициите што доаѓаат од други страни. Дали некој во Владата ги брои децималите вака трезвено – или растот и натаму се мери со бројот на исечени ленти?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Софија се закани дека ќе ги блокира новите санкции против Русија ако од списокот не ги тргнат патријархот Кирил и...
Човекот чија партија со години ја водеше Србија сега се кара за потпретседателски места во Собранието и порачува дека Русите...
Брнабиќ и Вучиќ се жалат дека новото мнозинство не ги прашало кои одбори сакаат да ги водат. Балканот добро ја...
Новата влада во Белград уште не е ни формирана, а рускиот амбасадор веќе го повторува ставот за Косово, студентите сакаат...
Нешто повеќе од две недели по победата на „Студентска листа“, новата српска власт сè уште се расправа околу премиерот и...
Загреб ѝ порачува на Подгорица дека границата на Превлака е цената за влез во ЕУ. Македонија оваа сцена ја знае...
Основачот на платформа за бракови ги опишува жените од БиХ како сопруги за муслимани од странство, а мажите плаќаат 500...
Опремата ја симнале дури откако Вучиќ го призна поразот. Кој ги распоредил и за што биле подготвени, никој не кажува,...
Години ја водеше државата, сега ѝ се заканува од шанк, со стихови на Гаврило Принцип. Балканот ја знае оваа сцена:...
Државниот проект што треба да ја претстави Србија пред светот зависи од фирма со вакви сопственици. Сега таа намалува работа,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.