Судењето за „Пулс“: вештакот на обвинителството го нарече вештачењето на одбраната „стручна самодисквалификација“
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
12.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
За една недела бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија се зголемил за 90,2 отсто. Во периодот од 26 октомври до 1 ноември се регистрирани 116 случаи, наспроти 61 претходната недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во однос на истиот период лани бројот е поголем за 23,4 отсто, а во однос на просекот од последните 16 сезони – за 64,1 отсто.
Најмногу новозаболени се пријавени во Тетово, Куманово и Скопје. Најголем дел, 84 лица, се на возраст од 15 до 64 години, 25 се постари од 65, а седум се деца од пет до 14 години. Епидемискиот праг сè уште не е достигнат: инциденцата е 6,3 случаи на 100.000 жители, под границата од 7,32.
Вакцината е тука – за некои
Вакцинацијата започна на 21 октомври, но дел од граѓаните што се пријавиле сè уште чекаат термин. Од Министерството за здравство велат дека досега пристигнале 30.000 вакцини, а се очекуваат уште две пратки од 26.000 и 30.000 дози. Приоритет имаат лицата над 65 години и хронично болните, а такви пријавени има околу 45.000. Сметката е едноставна: 30.000 дози за 45.000 луѓе само од првиот ред.
„Реално нема каснење, има само приоритизација на најзагрозените“, кусо одговорија од Министерството.
Оној што би сакал сам да си купи вакцина нема каде. На тендерот на Центарот за јавно здравје за набавка на комерцијални вакцини, според Министерството, не се пријавил ниту еден понудувач. Значи, во сезона на грип, вакцината не може да се добие ни бесплатно на време, ни за пари.
Пациентите веќе ги полнат ординациите. Во Ургентниот центар во Куманово сè почесто доаѓаат луѓе со влошена состојба. Докторот Никола Стефановски наведува покачена температура, болки во мускулите и зглобовите, затнат нос и болки во грлото, а кај астматичарите и хронично болните и отежнато дишење. За Куманово и соседните општини се обезбедени 1.600 дози, а за заштита по вакцинацијата се потребни околу две недели.
Лекарите ги повторуваат старите совети: миење раце, проветрување, избегнување близок контакт со заболени, сон и одмор. Добри совети. Но, кога тендерот за вакцини останува без понуда токму во сезона на грип, кој одговара за тоа – вирусот или планирањето?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Новата национална награда оди кај општините што најдобро ги исполнуваат обврските од Законот за младинско учество. Значи, кај оние што...
Долгот е стар три години, опомените се испратени, а следниот чекор е решение за блокирана сметка.
Четворица поединци и три правни лица ги добија овогодишните Ноемвриски награди на Општина Куманово, на денот кога градот ги одбележа...
Таа тврди дека 70 до 80 отсто од земјиштето е приватно и дека има право да ги поставува условите. Државата...
Градоначалникот вели дека жичарата речиси една деценија била без потребните големи сервиси. Датум за отворање засега нема.
Учениците на Водно одржаа лекција за одговорност. Ако волонтерите го чистат градот на секои две недели, што прават комуналните служби...
Дупката околу новата зграда кај „Јане Сандански“ се полнела со отпад наместо со материјал. Реакција имаше дури откако жителите објавија...
Македонија – држава во која сите знаат кој е виновен, а никој не знае што навистина се случува! Во Македонија...
Министерот вели дека ургенциите престанале по неговата „бурна реакција“. Доказот за тоа засега е само неговиот збор, а полициските возила...
Конкурс во 2020, „завршена прва фаза“ во 2024, обраснати патеки во 2025. Во ноември 2026 градот повторно ветува дека паркот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.