Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Судијата може да донесе одлука што уништува живот, семејство, бизнис или иднина – и утре да продолжи како ништо да не се случило. Нема санкција. Нема лична одговорност. Нема отчетност. Постојат само бескрајни правни лавиринти, толку сложени што ниту обичниот граѓанин, ниту жртвата, ниту понекогаш ни адвокатите не можат да се снајдат во нив.
Токму таму, во тие лавиринти, корупцијата цвета.Колку се поголеми парите – толку е поголема и недопирливоста.
Колку е поскап предметот – толку е потивка неправдата.Колку е помоќен обвинетиот – толку е послаб законот.
Само судијата, кој треба да биде симбол на правда, станува симбол на неказнивост.
Очигледно ние не сме баш најдобро наместени како општество. Кај нас судијата е најученото суштество во универзумот и покрај тоа тој знае се, повеќе од лекарот, шоферот, продавачот, рударскиот инженер ,градежниот инженер и сите останати високо образовани кадри заедно.
Судијата не може да згреши. Тој само „инаку го толкувал законот“. Всушност судијата е повисока форма на живот, цел кон која се стреми секоја единка од општеството.
Колку животи се уништени од погрешна судска одлука – нема статистика.Нема графикон.Нема годишен извештај.
Нема „извини“.Има луѓе што изгубиле слобода.Има семејства што се распаднале.Има деца што пораснале без родители.
Има бизниси што згаснале.Има луѓе што никогаш повеќе не станале исти – иако формално „правдата си го кажала своето“.
Една погрешна дијагноза може да се коригира.Една сообраќајна грешка има записник.Една инженерска грешка има одговорност.
А погрешна судска одлука?Таа се архивира.Се заборава.И се претвора во „случај затворен“.
Животот не се враќа со укинување на пресуда.Годините не се враќаат со ново рочиште.Довербата не се враќа никогаш.
И затоа прашањето не е„Колку ли се животи уништени?“ туку колку уште треба да се уништат за да признаеме дека судската грешка е најскапата грешка што постои.
Затоа што таа не убива одеднаш.
Таа убива тивко.
Со печат.
Со потпис.
И со молк.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Италијанскиот шеф на дипломатијата ја откажа планираната посета на САД по Трамповите изјави дека Мелони го молела за фотографија на...
Украина јавно им ставила рок на Белорусија: седум дена да отстранат релејна опрема на граничните кули преку која Русија наводно...
Над 1.000 режирани епизоди, 11 награди Еми и скоро секоја голема американска комедија на телевизијата - Бароуз беше името зад...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Чувствителен процес во преводот на обичен јазик значи дека сите се пазарат. Прашањето е дали реконструкцијата носи подобри луѓе или...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Возила на странска амбасада запалени среде бел ден во центарот на градот. Ако заштитата затаила овде, каде уште затајува -...
За секоја солза на израелска мајка, илјада либански мора да плачат, изјави Бен-Гвир. Аритметика на одмаздата што поткопува мировен договор...