Skip to content

Трамп тврди дека промената на режимот во Иран е во тек – Техеран негира сè

0 мин. читање
Сподели

Трамп тврди дека неговиот тим разговарал со „нови луѓе” во Иран и дека промената на режимот е во тек. Меѓутоа, иранската страна категорично негира какви било директни или индиректни контакти со Вашингтон.

Според дипломатски извори, администрацијата на Трамп тестира различни сценарија за излез од продлабочувањето на конфликтот, вклучувајќи идентификување на потенцијални соговорници внатре во иранскиот систем.

Петдневниот мораториум на воените удари, објавен од Трамп, создаде кратка пауза на пазарите, но иранскиот демант за преговорите ги врати тензиите на претходното ниво. Ситуацијата останува крајно непредвидлива, со секојдневни контрадикторни изјави од двете страни.

Конфликтот, кој започна на 28 февруари со операцијата „Епска одмазда”, влезе во четвртата недела без јасни знаци за деескалација.