Skip to content

Рубио на Г7: „Во интерес на сите е да се отвори Теснецот Хормуз”

1 мин. читање
Сподели

Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Франција за состанок на Г7, каде дискусијата за конфликтот со Иран ќе биде централна тема.

Состанокот следи по повторените критики од Доналд Трамп кон членките на НАТО – вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија и Италија – заради одбивањето да се приклучат на конфликтот, особено во поглед на поморската поддршка за Теснецот Хормуз.

Пред заминувањето од САД, Рубио изјави дека е во „интерес на сите земји од Г7″ да работат на отворање на теснецот. Германскиот министер за надворешни работи побара НАТО земјите да развијат „заедничка позиција” со САД во врска со Иран.

Министрите на Г7 побараа „траен мир и стабилност” на Блискиот Исток, додека ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран.