Skip to content

Ballet Magnificat во Кочани на 22 април – финалниот хуманитарен концерт за градот

1 мин. читање
Сподели

Хуманитарната турнеја на Ballet Magnificat завршува таму каде што е и наменета – во Кочани, на 22 април во НУ Центар за култура „Бели Мугри”.

По настапите во Скопје и Штип, американската балетска компанија го донесува својот финален концерт во градот кој беше погоден од разорниот пожар. Целиот приход е наменет за жртвите.

Билетите чинат 300 денари и се достапни преку karti.com.mk. Почеток во 19:00 часот.