Државна лотарија: две апсења за проневера од 80 милиони денари, а главниот сведок на судот ја смени приказната
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
При претрес во домот на 33-годишен скопјанец, полицијата пронашла арсенал што на граѓаните им е забранет. Рачна бомба „М75“, со вградени метални кугли со дијаметар од околу два милиметри, наменети за шрапнелско дејство. Пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 милиметри, со рамка со седум куршуми. Пиштол „Берета“, со рамка со шест куршуми. Вкупно 240 куршуми од различен калибар. И, за комплет, околу седум грама марихуана.
Но најважниот предмет од претресот не пука. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој, според Основното јавно обвинителство Скопје, постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување кривично дело убиство. За кое убиство станува збор, кога се случило и каква е врската на осомничениот со него – обвинителството засега не кажува.
Против 33-годишникот е донесена наредба за спроведување истражна постапка за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Обвинителот до судот предложи најстрога мерка – притвор, наведувајќи опасност од бегство и можност осомничениот да продолжи да врши кривични дела.
Рачна бомба во стан во главниот град не е украс. Таа е направена за шрапнелско дејство, да повреди сè што е околу неа. Колку вакви станови има низ Скопје во кои никој не влегол, затоа што никој не дошол со наредба за претрес? И кога ќе дознаеме кое убиство го отклучува клучот од тој мотор?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Финансиската полиција приведе две лица за речиси 80 милиони денари проневерени буџетски пари. Паралелно, на судењето за видеолотаријата, обвинителството остана...
Средбата на маргините на конференцијата за Коридорот 8 е првиот чекор по советот на Фон дер Лајен. Претходната, во Хелсинборг...
Еден од најстарите скопски пазари го менува ликот без никакво објаснување. Едни велат дека уривањето го води Градот, а Градот...
На влезот и на излезот од градот анализите регистрирале нитрити што укажуваат на старо и ново фекално загадување. Подобро е...
Од 2 до 4 октомври полицијата постапувала во 13 случаи, приведе двајца странци и одзеде пари, кокаин и масло од...
Две години по пресудата во случајот Митревска, здружение и пратеници бараат укинување на службената тајна за посвојувањата. Министерството одговара со...
Објектот во Пршовце чинел нешто над 800.000 евра, од кои општината дала 165.000. Остатокот е европски, а аплаузот домашен.
Наместо песок, на некогашната „Ајван плажа“ никнува потпорен камен ѕид. Неколку месеци откако УНЕСКО ѝ даде на Владата уште пет...
Не е познато кој е починатиот, ниту на кој автопат се случило. Познато е дека некој удрил човек и продолжил...
Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека оттука туристите ја понесуваат првата слика за Скопје. Прашањето е колку долго таа слика ќе остане...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.