МИЛИОНСКА СМЕТКА ЗА ПРИКЛУЧОК НА СОЛАРНА ЦЕНТРАЛА-ЕВН РЕКЕТИРА?
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Заем од 4.000 евра со рок од еден месец – и камата од 2.500 евра. Така, според обвинителството, работела групата од Куманово што оваа недела ја разби полицијата. А кога жртвата ќе го вратеше долгот до последното евро, работата не завршувала. Тогаш почнувале заканите.
Основниот кривичен суд Скопје им определи притвор на Д.П. (37) и М.К. (27), куќен притвор на Л.К. (73), а на Д.Ж. (43) му го одзеде пасошот. Петтиот осомничен, З.Р. (35), е во странство, а меѓународна потерница по него сè уште нема. Обвинителството за организиран криминал ги товари за злосторничко здружување, перење пари и изнуда. Полицијата претходно изврши претреси на шест локации во Куманово и одзеде договори за заем со високи камати, документи за солемнизација на имот, пари, возила и телефони.
Според истрагата, групата ја формирал Д.П. уште во 2021 година. Во еден случај од 2023, иако позајмените пари биле целосно вратени, од жртвата се барало да ја дава својата банкарска сметка за фиктивни уплати и подигања, а потоа и автомобил како залог. Во адвокатска и нотарска канцеларија потоа биле изготвени фиктивни договори за купопродажба и заем од 1.000.000 денари, со фалсификувани потписи. Автомобилот бил препишан на З.Р., а на жртвата ѝ била блокирана сметката преку извршител. Во друг случај, лице што вратило позајмени 180.000 денари и понатаму било изнудувано за дополнителни камати.
Тука приказната престанува да биде само за лихвари. Фалсификуваните договори не поминале низ некој заден двор, туку низ нотарска канцеларија, а сметката не ја блокирал насилник, туку извршител – по закон, врз основа на хартија заверена од носител на јавно овластување. Нотарот, според обвинителството, е лицето со одземен пасош, а се товари за несовесно работење во службата.
Значи, на лихварот му требале само пари и закани. Сè друго – печатот, потписот, блокадата – му го дал системот што треба да ги штити граѓаните. Колку уште вакви договори се заверени во нотарски канцеларии низ земјава, без никој да праша зошто некој „продава“ автомобил за долг што веќе го вратил?
Најновите 10 вести од оваа категорија
МЕТЛА доаѓа до информации за сериозен спор меѓу компанијата „Тел Авив Солар“ и Електродистрибуција, поврзан со изградба на соларна електрана...
Загадувањето во Скопје за десет години е преполовено, но ниту една скопска мерна станица не ја исполнила законската граница. Европската...
Љупчо Коцарев тврди дека една буџетска шифра ја става Академијата под министерство. Раководството вели клевета и чека државна ревизија, а...
Буџетскиот форум повторно собра предлози. Вистинското прашање е колку од предлозите од претходните четири години навистина стигнале во буџетот.
Државниот проект што треба да ја претстави Србија пред светот зависи од фирма со вакви сопственици. Сега таа намалува работа,...
Противвоздушна одбрана уништена „за 15 минути, можеби пет“, разговори преку Катар и награда за информации за иранските научници. Балканот ја...
Ревизорските извештаи објавени во 2025 и 2026 година откриваат загрижувачка слика за функционирањето на македонските институции. Од железницата, преку енергетиката,...
Пари, документи, нотарска канцеларија и менувачница. Обвинителството меѓу делата наведува и несовесно работење во службата - кој во оваа приказна...
Мерките му биле доставени на 19 октомври. На 3 ноември таа беше мртва. Кој проверувал дали забраната воопшто се почитува?
Шеснаесет градови, 14 приведени и една реченица што лесно се прескокнува: евидентирани се случаи на непочитување на изречените заштитни мерки.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.