Целото МВР преку ноќ остана без здравствено осигурување: полицајци враќани од хемотерапија поради една ненаместена ставка
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
10.08.2026
10.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
10.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
10.08.2026
09.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
11.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
10.08.2026
09.08.2026
08.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Земјотрес од 7,4 степени го погоди западот на Колумбија во понеделник наутро. Епицентарот бил кај Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко. Досегашната сметка, објавена од колумбискиот претседател: најмалку 111 загинати, 87 повредени, 1.575 оштетени куќи и 37 целосно уништени.
Најтешко поминала Переира, еден од централните градови во кафеанскиот регион на земјата. Само таму загинале најмалку 47 луѓе. Во Кали, градоначалникот соопшти дека се урнале 26 згради и дека спасувачките екипи сè уште трагаат по луѓе под урнатините. Тоа е клучната бројка во секоја ваква катастрофа – не колку се урнало, туку колку луѓе се сè уште под тоа.
Зградата што исчезна за секунда
По земјотресот на мрежите се појави снимка од Переира на која едно здание се урива до темели практично за миг. Не се лула, не се наведнува, не дава време никому да истрча. Едноставно се спушта.
Тоа е сликата што ја разликува подготвената држава од неподготвената. Земјотрес од 7,4 степени е силен, но не е ретка појава – Колумбија лежи на границата меѓу три тектонски плочи и знае дека лежи таму. Прашањето што секогаш доаѓа по ваквите снимки не е за магнитудата, туку за бетонот: кој ја одобрил таа зграда, според кои стандарди била изградена и дали некој воопшто проверувал.
Регионот е познат по кафето, не по сеизмичка инфраструктура. Но кога една држава со децении гради на активен раседен систем, изговорот „никој не очекуваше” престанува да важи.
Зошто ова не е далечна вест
Балканот ја знае оваа сцена. Скопје 1963, Загреб и Петриња 2020, Драч 2019 – секој од тие датуми остави и урнатини и подолг список прашања за тоа што било изградено и како. Секој пат по земјотресот следува иста реченица за ревизија на градежните стандарди. Секој пат интересот трае онолку колку што трае вниманието.
Кај нас сеизмичката ревизија на јавните објекти беше тема по секој посилен потрес во регионот. Колку од тие објекти навистина биле проверени, а колку останале само на список? Тоа е прашањето што вреди да се постави пред следниот земјотрес, а не по него.
Во Колумбија сега трае она што трае секаде – спасувачки екипи, бројки што се менуваат по секој извештај, семејства што чекаат на улица. Списокот на загинати сè уште не е конечен. Списокот на одговорни, како по правило, нема ни да почне.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Новиот систем на ЕУ бара биометрија од сите што не се граѓани на Унијата. Со македонски пасош, тоа значи вас...
Заради иранска закана од атентат, претседателскиот авион полета како мамец - со новинарите внатре и со спуштени ролетни. Дел од...
Луѓе од седумнаесеттиот век врежувале датуми во речни камења за да предупредат кој ќе дојде по нив. Германците имаат тристогодишна...
Техеран бара укината блокада, повлечени американски сили и избришани санкции. Вашингтон одговара со шаховска метафора - додека низ теснецот поминува...
Не е дефект и не е напад - тоа е вежба. Додека војската симулира кинеско слетување, властите тестираат нешто потешко:...
Единаесет години откако лично ја благослови на свадба што траеше десет дена, истиот човек ја врати во ништо. Кога моќта...
Падна во нива со сончоглед на километар од компресорска станица. Ако не било намерно, тоа е полошата вест - значи...
Мекански договор со Пакистан и Саудиска Арабија, по урнек на членот 5. Не бил насочен против Иран, велат - а...
Санкции, замрзнат имот, отштета, повлекување војска. Техеран не брза - времето работи за оној што ја држи славината, не за...
Русија издаде дозволи за седум кинески бродови преку Северниот морски пат, а Кина најавува прва редовна линија до Европа. Пократок...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.