Skip to content

Производство, дистрибуција, продажба – колку е концентрирана енергетската моќ во Македонија?

1 мин. читање
Сподели

Македонската енергетика со години функционира како систем во кој граѓаните најчесто ја гледаат само последната алка – сметката за струја. Но зад таа сметка стои цел синџир: производство, дистрибуција, снабдување и управување со мрежата. Прашањето што сè почесто се поставува е – кога еден субјект е присутен во повеќе сегменти од истиот сектор, дали тоа претставува монопол или концентрација на пазарна моќ?

       Во класичната економска дефиниција, монопол е состојба кога еден субјект има доминантна или исклучителна контрола врз одреден пазар. Но современата енергетика е покомплексна. Не мора секогаш да постои формален монопол за да постои висока концентрација на моќ.

Прашањата што заслужуваат јавна анализа се:

– Колкав дел од производството е директно или индиректно поврзано со исти структури?
– Дали постои доволна одвоеност помеѓу производство, дистрибуција и снабдување?
– Колку е лесен пристапот за нови производители до мрежата?
– Колку време траат процедурите за приклучок?

– Дали постојат јавно достапни податоци за ограничувањата во системот?

         Во Европа последните години токму поради вакви ризици се инсистира на раздвојување на дејностите (unbundling) – односно различни улоги да не бидат концентрирани во ист центар на влијание.

       Дополнително, Македонија и понатаму има релативно високи загуби во дистрибутивната мрежа според регионалните споредби, а секоја дискусија за цени и струја треба да почне токму од таму – каде се загубите, како се намалуваат и кој ја носи цената.

         Во јавноста често се споменуваат финансиските резултати со огромна добивка, и загубите на  операторот на преносниот систем

Дали ризикот и добивката во македонската енергетика се распределени рамномерно?

Ако преносниот систем ја носи тежината на стабилноста, а друг дел ги акумулира профитите, тогаш јавноста има право да праша:

– Дали сегашниот модел е одржлив?
– Кој го носи товарот кога има криза?
– Кој инвестира во мрежата?
– Кој ја презема одговорноста за загубите?
– И кој профитира кога системот функционира?

Дополнително, Македонија влегува во нова фаза – приклучување на соларни капацитети, нови инвеститори и енергетска транзиција. Тоа значи дека товарот врз мрежата ќе расте.

Во такви услови, прашањето за финансиската рамнотежа станува уште поважно.