Аеродром удри со 20.000 евра казна: градоначалникот лично го фати камионот со градежен шут
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
11.05.2026
10.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
12.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Македонија со години живее во енергетски систем во кој секој проблем завршува на грбот на народот. Кога има загуби – народот плаќа. Кога има увоз на струја – народот плаќа. Кога има промашени политики – повторно народот плаќа. Но, никој не кажува каде точно исчезнуваат милионите евра и зошто чесните граѓани мора да ги покриваат туѓите долгови и хаосот во системот.
Најголемиот скандал е што државата и институциите со години зборуваат за „загуби“, а никој јавно не кажува каде се тие загуби. Во кои градови? Во кои трафостаници? Во кои делови од мрежата? Колку се технички, а колку се последица на кражби и неплаќање? Не може цела држава да плаќа милиони евра врз основа на паушални проценти без ниту една детална анализа достапна за јавноста.
Ако некој не плаќа струја – тогаш мора да се каже кој е тој. Не може граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките да финансираат систем во кој некој троши, а друг плаќа. Тоа не е социјална политика, туку неправда кон сите што чесно ги сервисираат обврските.
Дополнително, Македонија нема ниту јасна анализа колку струја се троши по тарифни групи. Колку трошат домаќинствата? Колку индустријата? Колку големите потрошувачи? Колку се субвенционира? Без овие податоци, секоја приказна за „реална цена“ е само манипулација со јавноста.
И додека граѓаните слушаат дека „нема пари“ и дека „мора да има поскапување“, бројките покажуваат нешто сосема друго. EVN за 2024 година прикажала чист профит од околу 63 милиони евра, а за 2025 година околу 24.6 милиони евра. Тоа се десетици милиони евра заработени во систем кој постојано бара нов товар врз народот. Или околу 90 милиони евра за две години.
Загубите во Македонија се најголеми од бившите ЈУ републики и изнесуваат 14,1%, а во Словенија 4 до 5% или ние имаме 60% поголеми загуби.
Посебна тема се малите хидроцентрали дадени на користење на EVN, а изградени во бивша југославија. Под кои услови се дадени? Колкав профит носат? Колкав е бенефитот за државата? Колку Македонија заработува од природните ресурси што им се отстапени? Граѓаните имаат право да знаат дали националните богатства се користат во интерес на државата или само за приватен профит.
Дополнително државата има 10% удел во ЕВН , а нема ниту еднаш направено ревизија , во 20 години.
Затоа, пред било какво ново покачување на цената на струјата, Македонија мора да добие:
Без тоа, секое ново поскапување ќе значи само едно – народот повторно плаќа за туѓи грешки, загуби и нетранспарентност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Медиумски простор денес е преплавен со колумни. Секојдневно десетици „аналитичари“, „експерти“, „познавачи“ и „независни интелектуалци“ пишуваат текстови во кои наводно...
Во Македонија изгледа најлесно е да се стави катанец. Жичницата на Водно нема да работи цело лето, а никој не...
Објавените финансиски податоци за ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА МАКЕДОНИЈА (ИРЛ) отвораат сериозна дебата за тоа како функционира организацијата што со години...
Додека државата зборува за економија, реформи и иднина за младите, реалноста на улиците изгледа сосема поинаку. Во речиси секој град...
Секогаш кога ќе се отвори тема за војна, лесно е да се покаже со прст кон...
Генерацијата З, младите родени отприлика помеѓу 1997 и 2012 година, веќе не се „иднината“ – тие се сегашноста што ги...
Крипто-пазарот сè појасно се движи кон нула — не како техничка вредност, туку како губење на...
Проектот Чебрен не е нова идеја. Напротив – тој е проектиран уште во 1963 година, во...
Во ист ден кога Србија најавува набавка на суперкомпјутер за вештачка интелигенција и фабрика за роботика, Северна Македонија ја „смирува“...
Ако се тргнат настрана насловите, сензациите и дневната доза страв што ни ја сервираат, вистината е едноставна: светот е полн...