Skip to content

Општина Карпош денеска без вода

0 мин. читање
Сподели

Денеска од 10:10 часот без вода се дел од жителите на улицата „Козле“ број 177 во општина Карпош.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е поради изведување на нов водоводен приклучок на оваа локација.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на работните активности, по што се очекува нормализирање на притисокот и редовна испорака на вода.