Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Нешто ретко и симболично тежко се случи во Бигорскиот манастир. Цивилниот управител на Света Гора, Алкивијадис Стефанис, на сеноќното бдение по повод манастирската слава – Рождеството на Свети Јован Крстител – изјави дека Бигорски е 21. светогорски манастир. За еден манастир на македонска почва, тоа е признание од највисок ранг во православниот свет.
„Кога сум на Света Гора, ме прашуваат кој ми е омилен манастир, а јас одговарам дека сите дваесет манастири ми се омилени. Отсега ќе велам дека дваесет и еден манастир ми се омилени, додавајќи ја и оваа света обител”, кажа Стефанис. Ова е негова прва посета на Бигорскиот манастир, а неговото доаѓање се оценува како историски значајно – прв пат толку висок претставник од Света Гора стапнува во оваа обител.
Стефанис пристигна заедно со познатиот светогорски старец Антипа, а на бдението на 6 јули присуствуваа голем број монаси и верници од Македонија, како и гости од Света Гора, Грција и Романија. Игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Партениј, потенцираше дека „ова е првпат во светата обител, а и во овие наши краишта, да стапне едно толку високо лице”.
Управителот со особено внимание ги пофали возобновувањето на манастирот „од пепелта”, резбите на иконостасот и начинот на кој се раководат младите. Во време кога Македонија ретко добива вести што градат, а не рушат, ова признание за Бигорски е потсетник дека и малите средини можат да создадат нешто што целиот православен свет го гледа со почит. Прашањето е дали ќе умееме да го цениме тоа онолку колку што го цени еден гостин од Света Гора.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.