Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На само неколку метри од изгорениот објект „Пулс” во Кочани, таму каде на 16 март 2025 година се одзедоа десетици млади животи, е осветен спомен-крст. Трајно обележје на местото на една од најтешките трагедии во поновата историја на градот.
Чинот на осветувањето, извршен по повод Петровден – празникот на Кочани – го изврши митрополитот Брегалнички Иларион, во сослужение со свештениците од Кочанското архиерејско намесништво. Крстот, висок 17 метри и широк 12 метри, е поставен на западниот влез во градот, кај кружниот тек во близина на локалитетот „Национал”. На настанот присуствуваа семејствата на настраданите, градоначалникот Владко Грозданов и голем број граѓани и верници, кои со заедничка молитва оддадоа почит.
Крстот е изграден со поддршка од Брегалничката епархија, општествено одговорни компании и Општина Кочани, која обезбеди проектна документација и одобрение за поставување на спомен-обележјето. По осветувањето, митрополитот Иларион отслужи помен за душите на настраданите и упати молитви за закрепнување на повредените и за сила на нивните семејства.
Спомен-обележјето ќе остане место за молитва и сеќавање. Но потсетувањето на болката е само едната страна. Другата – таа за која камен и крст не се доволни – е одговорноста. Зад секое ваква трагедија стои прашањето кое семејствата го носат секој ден: како воопшто беше можно, кој дозволи, кој потпиша, и дали некој навистина ќе одговара. Спомен-крстот сведочи за загубата. Правдата за настраданите е нешто што сè уште се чека, и тоа чекање не смее да заврши со ниту едно осветување.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.